Краток водич за Средниот Исток

Ситуацијата таму изгледа комплицирана. За сите што мислат дека е лесно да се одбере кои се добри а кои лоши дечки, еве мал драфт за тоа кои се актерите и какви им се односите.

Иран го поддржува Асад. Земјите од Заливот се против Асад.

Асад е против Муслиманското братство. Барак Обама и Муслиманското братство се против Генералот Сиси (Египет).

Ама Заливските земји се за Сиси. Што значи дека се против Муслиманското братство.

Иран е про-Хамас, но Хамас е про-Муслиманското братство.

Обама го поддржува Муслиманското браство ама Хамас е против САД.

Заливските држави се про-американски. Но, Турција е заедно со нив против Асад. Башка, Турција е про-Муслиманското братство против генералот Сиси. А Сиси е поддржан од Заливските земји.

Што тука не е јасно?

 

 

26 август 2013 - 08:16