Во бројки извештајот на Пост изгледа вака:
- Обама успеал да ги намали федералните трошоци на администрацијата од 3457 милијарди долари, на 3455 милијарди долари.
- Бројот на вработени паднал од 4,3 милиони на 4,1 милион - во ова не се вклучени вработените во компаниите кај кои се аутсорсирани дел од услугите на администрацијата, меѓутоа ги бројат припадниците на војската.
- Бројот на страни во Федералниот код (правилник и закони за однесувањето и работата на целата администрација) пораснал од 165.494 на 174.557.
- Бројот на згради во посед на владата е малку паднат од 399.000 објекти во 2010-та.
Критиката за Пост е дека иако се точни бројките тие се прилично извртени. Медија Метерс објаснуваат дека бројот на административци иако Пост го имаат претставено како еднаков на бројот на жители на 24 сојузни држави и тоа е точно, во основа за целата земја (тука се вклучени и војници и поштари) се грижат 1,3% од населението.