Црнците и натаму работат како црнци

Денес разликата во приходите меѓу црнците и белците во САД само станала полоша отколку пред 50 години, во времето кога Мартин Лутер Кинг го одржа својот легендарен говор.

И самиот Обама беше запрепастен од разликата во приходите меѓу црнците и белците, и колку истата е порасната од 60-те до денес. Посебно ако се земе во предвид дека во овој период намалена е разликата во образованието и здравствената заштита меѓу двете раси.

 

Меѓу причините во растот на разликата во приходите се:

- црнците беа најсериозно погодени од финансиската криза во последната деценија

- во исто време тие се и расата со најголема невработеност во САД во изминатите 50 години

- тие имаат најмалку инвестиции

- извештај на Конгресот од 1992-ра покажува дека црнците е многу поверојатно да бидат одбиени за осигурување во случај на несреќа, отколку белците

- постои долгогодишна разлика меѓу белците и црнците во добивањето на социјално за издржување на децата.

30 август 2013 - 17:39