Амазон продава повеќе производи од неговите 12 најголеми конкуренти заедно, покажува извештајот од Securities and Exchange Commission.
Иако компании како Таргет, Волмарт и ПетСмарт имаат огромна стапка на раст во онлајн продажбата, тоа затоа што нивниот бизнис расте во однос на многу мали бројки.
Вол Стрит журнал го анализирал извештајот и ги добил следните бројки:
- "Веб продажбата придонела од 0,1 до 0,2 проценти во растот на продажбата на Волмарт во фискалната 2013."
- "Портпаролот на Таргет изјавил дека компанијата ги известила своите инвеститори дека онлајн продажбата моментално сочинува помалку од 2% од вкупната продажба која изнесува 73 милијарди долари."
- "Портпаролката на ПетСмарт изјавила дека компанијата го смета е-бизнисот за шанса за раст, меѓутоа бидејќи моментално тој претставува помалку од 1% од вкупната продажба, тој не е битен дел од бизнисот на компанијата."
И покрај се над 90% од продажбата на стоки се случува во продавници. Сепак заканата за оваа навика и понатаму најмногу доаѓа од Амазон кој во вториот квартал забележал раст на продажбата од 30%.