Зошто градовите веќе не сакаат да бидат домаќини на Олимпијада

До сега главна цел на градовите кандидати им беше да го убедат Олимпискиот комитет дека тие се правиот избор, сега тие треба и да ги намолат своите граѓани да не се бунтуваат против Олимпијадата.

Трите града избрани за финалисти за организирање на Игрите во 2020-та, Мадрид, Истанбул и Токио, се соочуваат со досега невиден бран на внатрешно противење од загрижените граѓани.

Во Истанбул веќе постои платформата "Не на Олимпијадата" кои порачуваат "Знаеме се за Олимпијадата од градовите кои до сега беа нејзини домаќини со гордост и возбуда, а потоа беа оставени со разрушени населби, големи долгови и објекти оставени да скапуваат."

Според нив најстратешките позиции околу Истанбул веќе се избрани за евентуалните олимписки проекти. Локацијата е предвидена околу третиот мост преку Босфор. Доколку ја добијат кандидатурата, од платформата најавуваат дека тоа ќе биде искористено како оправдание за уништување на зеленилото и шумите на површина од 420 километри квадратни кое се наоѓаат околу третиот мост.

Мадрид и Токио се соочуваат со слично противење од сопствените граѓани, кои се загрижени за трошоците за организирање на Игрите и која е цената да се привлечат милијарди долари од туристи за сметка на локалното население.

На пример Токио изгуби 200 милиони долари на нивната не успешна кандидатура за О.И. 2016-та. Само олимпискиот стадион се очекува да чини 1,5 милијарди долари, пари што на крај пак ќе бидат платени од буџетот.

Во Мадрид граѓаните потсетуваат на Олимпијадата во Барселона 1992-ра, по која илјадници жители беа раселени, цените на недвижностите скокнаа а градот заврши во долгови. Според претставниците на ПАХ (Платформа на жртвите на хипотеката, организација формирана во 2009-та) буџетот за игрите од старт би изнесувал 2,5 милиони долари, со веројатност дека со тек на време ќе порасне на 4 милијарди долари.

28 август 2013 - 12:45