Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Астронаутите од Артемис 2 се вратија живи и здрави

11 април 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Четворицата астронаути на НАСА утрово безбедно се спуштија на Земјата, по десетдневната мисија Артемис 2 околу Месечината.
  • Нивната капсула „Орион“ ги издржа огромните температури од брзото навлегување во земјината атмосфера и се спушти со падобран во Пацификот, покрај брегот на Калифорнија.

  • „Стабилни сме“, објави командантот на мисијата Рид Вајзман. Тој и другите астронаути – Виктор Гловер, Кристина Кох и Канаѓанецот Џереми Хансен, ќе поминат низ неколкудневни детални медицински прегледи. 
  • При влегувањето во атмосферата, екипажот леташе 32 пати побрзо од звукот (побрзо од кој било човек досега), а нивната капсула беше изложена на температура од 2.760 Целзиусови степени – практично беше обвиткана во оган, поради што во критични 6 минути немало никаков контакт со Контролата на мисијата. Падобраните ја намалиле брзината на слободниот пад на 25 километри на час.
  • При мисијата за обиколување на Месечината, екипажот на НАСА стаса  406.778 километри од Земјата, подалеку од кој било човек досега, и направи детални снимки од нејзината „скриена“ страна. 
  • НАСА в година ќе ја спроведе мисијата Артемис 3, во која ќе тестира екипаж со лендери во орбита, како конечна подготовка за мисијата Артемис 4, кое опфаќа спуштање астронаути на Месечината, прв пат по 1972 година. Во трка е со Кина, која планира да испрати свои „таиконаути“ на Месечината до 2030 година.

извор

Али Ахмети Ахмети маршираше во Приштина за екс лидерите на УЧК

12 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Десетици илјади луѓе се собраа на плоштадите во Приштина на „Маршот за слобода“ за да дадат поддршка на припадниците на ОВК, пред објавувањето на конечната пресуда од страна на Специјализираните совети во Хаг во врска со обвиненијата за воени злосторства и злосторства против човештвото.
  • Пресудите за Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими ќе се знаат за четири дена. Обвинителството бара секој од нив да добие казна затвор од 45 години.
  • Тие се во притвор во Хаг од ноември 2020 година. Обвинети се за прогон, убиство, мачење, злоставување и исчезнување на луѓе за време на војната во Косово во 1998 и 1999 кога биле убиени повеќе од 100 политички противници и претпоставени соработници на српските безбедносни сили, а стотици биле злоставувани во 50-ина логори управувани од ОВК.
извор

И во Хрватска се чудат на ПИСА тестовите, но, таму има уште нешто

12 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Хрватските 15 годишници постигнале најлоши резултати во нивната историја, слично како нашите кои имаа катастрофални резултати од минатогодишните ПИСА тестирања (види: Пола од младите нема да можат да го разберат ова).
  • Ги секира што хрватските резултати од тестовите се далеку по просекот на земјите од ОЕЦД.
  • Нивната ситуација има еден чуден тренд: Хрватска е една од државите во кои се забележани најголеми разлики во резултатите на девојчињата и момчињата. Сите имаат потпросечни резултати, но девојките се бааги подобри од машките. 
  • Што значи дека ако резултатите од ПИСА тестовите покажуваат заглупување на новите генерации, по тој пат хрватските девојчиња одат ама машките трчаат. 

Види и: ПИСА тестирање - зошто се важни и локалните разлики?

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

4 милијарди мртви, доволно ли е за вест?

Разно
2

Добрите луѓе не забораваат

Балканштина
3

Ризикувајте, еднаш се живее

Балканштина
4

АфД не падна од Марс

Мислења
5

Нашиот омилен фитнес инфлуенсер

Балканштина
6

Пушењето штити од Паркинсон

Здравје
7

Скопска фирма без имот ѝ должи на државата скоро 15 милиони евра

8

Државата е некому мајка, некому над-мајка

Разно
1

4 милијарди мртви, доволно ли е за вест?

Разно
2

Пушењето штити од Паркинсон

Здравје
3

АфД не падна од Марс

Мислења
4

Скопска фирма без имот ѝ должи на државата скоро 15 милиони евра

5

И во Хрватска се чудат на ПИСА тестовите, но, таму има уште нешто

6

Али Ахмети Ахмети маршираше во Приштина за екс лидерите на УЧК

7

Ангели - Демони 3:0

8

Аргентина мириса крв околу Фолкландите

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Добрите луѓе не забораваат

Балканштина

Ризикувајте, еднаш се живее

Балканштина

Нашиот омилен фитнес инфлуенсер

Македонштина

Шахтата поправена

Македонштина

И за ова ли треба упатство???

Разно

Американците ни го признаа ќ-то

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Најдоброто од Борис Елцин

Родителски совети од Хомер

Невидливото малцинство во Грција

Дали после атомска може да се пие пиво?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy