Денот на претерување

Годинава Денот на претерување дојде 2 дена порано отколку во 2012-та. Ова е денот во годината кога луѓето почнуваат да трошат повеќе ресурси отколку што Земјата таа година успеала да произведе.

Проблемот е што годинава Денот беше на 20-ти август, споредено со 2012-та кога тој дојде на 22-ри август. За споредба во 2011-та ни требаше до 27-ми септември за да потрошиме повеќе отколку што планетата може да регенерира.

Со досегашната стапка човечката цивилизација консумира ресурси за чие создавање и одржливо обновување се потребни 1,5 планети Земја. Со ова темпо до 2050-та, ќе ни треба уште една цела Земја за да може да се задоволат нашите потреби.

Додека Кина консумира ресурси за чие обновување се потребни 2,5 Кини, Јапонија која е сериозно зависна од увоз на ресурси има потреба од 7,1 Јапонии, а на листата најдобро се снаоѓа Франција која троши ресурси за кои се потребни 1,6 Франции.

Според Глобал Футпринт Нетворк, пред само 50 години човештвото успевало да консумира две - третини од ресурсите произведени таа година.

21 август 2013 - 19:17