
"Како стрелката за бензин цело време да ви покажува на празно. Па вие постојано застанувате да наполните. Со тек на време резервоарот ќе ви се наполни, и почнувате вишокот да го полните во канти, кои ги сместувате во багажник бидејќи сте уверени дека може во секое време да ви снема бензин," објаснува Луис Арон директор на Програмата за контрола на тежината во Пресбетаријанската болница во Њујорк.
Арон кој е еден од најпознатите експерти за дебелина во САД објаснува дека внесувањето на храна што дебелее, предизвикува во хипоталамусот да пристигнат клетки што реагираат на одредени воспаленија во организмот, кои потоа ги "преоптоваруваат невроните и предизвикуваат невролошко оштетување."
Во истражување на Универзитетот во Ливерпул, анализирани се студии на различни диети. Она што тие откриле е дека исхраната полна со заситени масти и прости јагленхидрати започнуваат ланчана реакција која го наручува метаболизмот, што ги вклучува хормоните за регулирање на апетитот лептин и грелин (лептин го потиснува апетитот, грелин го засилува).
Со текот на времето, консумирањето на премногу калории од масти и прости шеќери ги оштетува нервите кои ги пренесуваат информациите во хипоталамусот, што влијае на функцијата на лептинот и грелинот, а со тоа и на способноста на телото да го регулира метаболизмот и тежината. "Заради ова оштетување, не проаѓаат сигналите за тоа колку масти се складирани," објаснува Арон.
Она што тој го предлага е да ја промените вашата исхрана и тоа под итно, бидејќи иако дел од оштетувањата на хипоталамусот се трајни, можно е најголемиот дел од нив да се поправат.