Списокот со желби на најбогатиот 1% од Кинезите

Секоја нова генерација на богаташи има свој фетиш на кој сака да ги троши парите. Во 80-те, Јапонците се палеа на купување на Рокфелер центарот, во 90-те Русите сакаа да купуваат секакви недвижнини низ Европа, минатата деценија принцовите од Емиратите градеа скијалишта низ пустини. Сега е ред на Кинезите.

Млеко од доилка: Летово кинеските социјални медиуми експлодираа од гнев заради веста дека возрасни богаташи почнале да изнајмуваат доилки од кои цицаат млеко.

"Возрасните клиенти можат да го пијат директно преку цицање од града или можат да го пијат од пумпа за гради доколку се чувствуваат посрамени," изјавил сопственикот на една агенција од Шензен која нуди вакви услуги.

Цената е 2.600 долари месечно.

Пенис од тигар: замисли си замена за Вијагра - само што е поскапа, помалку ефективна, крајно не етична, комплетно нелегална и опасна за иднината на овој вид.

Во Кина сушен пенис од тигар се смета за потенцијален стимуланс за мажи и покрај тоа што постои сериозен недостаток на емпириски податоци.

Па така, супа од пенис на тигар ќе ве чини 300 долари, а доколку сакате да го купите целиот полов орган ќе треба да платите 5.000 долари.

Куигонг учители: слично како што холивудските ѕвезди ангажираат гуруа, така и богатите кинези ги имаат куигонг учителите.

Иако земјата официјално е атеистичка, овие учители им даваат духовно водство на богатите елити заинтересирани за овие работи.

Моутаи: за луѓето кои никогаш не го пробале, првата голтка од моутаи - пијалак со висок процент на алкохол кој се добива од тропското житно растение сорго - има вкус на алкохол помешан со моторно масло.

Моутаи баиџу е најскапиот кинески пијалак и се смета за пијалак на елитите. Пред 10 години едно шише чинеше околу 30 долари, денес цената му се движи од 300 долари до над 1 милион долари.

Позлатени автомобили: не е важно каков мотор имаат автомобилите, важно е да се покаже дека имаш многу пари.

22 август 2013 - 15:56