Официјалниот став на САД и Британија кон конфликтот во Сирија е следниот. Минатата година повлековме црвена линија: ако режимот употреби хемиско оружје тогаш тој станува легитимна цел за воена акција. Минатата недела, режимот го направи токму тоа - убивајќи илјадници луѓе, вклучително и деца, во предградија на Дамаск. Џон Кери овој масакр го опиша како спротивен на "кој било код на морал" и побара "одговорност" од режимот на Асад. Тој инсистираше дека не може да има каков било сомнеж дека владата е виновна - и секој што ќе каже нешто спротивно е механизам на ладнокрвните убијци.
Приказната на Кери е полна со дупки. Прво, ние треба допрва да утврдиме дека хемиското оружје е искористено од Асад - посебно што уште не знаеме а) каков вид на хемиско оружје било искористено или б) кој го направил ова. Ситуацијата е компликувана и од тоа колку излезе дека е тешко да се стигне до местото на нападот за да се извршат тестовите. Меѓутоа ова е воена зона, а на форензичарските тестови им е потребно повеќе време и се покомпликувани да се извршат кога си опколен со луѓе кои се обидуваат меѓу себе да се кренат во воздух. Значи ова ќе потрае.
Второ, зошто режимот на Асад би направил нешто толку глупаво? Тие мора да се свесни дека со користење на хемиско оружје ќе се изолираат себе си од секаква меѓународна поддршка и ќе предизвикаат воен одговор од Западот. Уште поважно, Асад веќе ја добива војната - зошто да земе да користи оружје за масовно уништување за време на последниот круг до трката? Всушност, единствените луѓе кои имаат било што да добијат од употребата на хемиско оружје од страна на Асад, се бунтовниците, бидејќи ова ќе привлече меѓународно внимание на начин кој тие одамна го бараат.
Трето, зошто Западот е обврзан да дејствува дури и ако Асад употребил хемиско оружје? Ние не сме под никаков договор, а темата секако не преставува причина за војна според Уставот на САД. Црвената линија се истанчува и здебелува со тек на време. Кога Обама прв пат ја постави таа беше тенка до ниво на невидливост:
"Ние бевме многу јасни кон режимот на Асад, но и кон останатите играчи на теренот, дека црвената линија за нас е кога ќе почнеме да гледаме еден куп хемиски оружја како се разместуваат наоколу или се користат... Ова би ја променило мојата равенка."
Значи се што Асад требаше да направи за го привлече вниманието на Америка е да почне наоколу да разместува "еден куп" оружја за масовно уништување. Тој дури и не мораше да ги користи. И додека Обама беше изненадувачки неодреден додека ги даваше овие изјави во август 2012-та, сега Кери користи многу прецизен јазик кога зборува за специфичната акција за која дури не е ниту потврдена дека е направена по грешка на Асад. Инаку, ако Западот бараше причина за интервенирање во Сирија по хуманитарна основа, тогаш имаа многу шанси: Асад речиси две години убива десетици илјади недолжни луѓе. Каква разлика прави еден хемиски напад?
Може Кери е во право и може сириската влада користела оружје за масовно уништување на својот народ. Но ние имаме една добра причина за да се сомневаме во неговата точност: Ирак. Се сеќавате дека во 2003-та, тогашниот државен секретар на САД, Колин Пауел, му рече на О.Н. дека Ирак дефинитивно има оружје за масовно уништување. Дефинитивно, дефинитивно, дефинитивно. Сега знаеме дека немал. Сега знаеме дека ЦИА погрешно ги толкувала своите информации, затоа што Садам Хусеин лажел дека некогаш имал хемиско оружје САД сметаше дека тој се уште има. Точно е дека кога се справуваш со диктаторски режим изграден на лаги, верувањето во неговиот збор е речиси невозможно - ама не е логично да се претпостави дека ние мора да продолжиме врз основа дека се' што тој некогаш ќе каже е лага. Постои искра од можноста дека Асад е невин за конкретново воено злосторство. Треба ли да влеземе во војна на основа на лажни обвинувања, ние би можеле да бидеме виновни за она што Т.С. Елиот го нарекува "најголемото предавство: да направиш добро дело заради погрешни причини."