Свет

Ако не ги вработите младите, чекајте револуција

Пораката е од германскиот министер за финансии, според кој постои "јасна можност за револуција" и ова се однесува на целата Унија.

Како работи Ејч - Арот на Ал Каеда

Како и секоја друга организација/компанија, и Ал Каеда мора да се справува со онакви проблеми кои обично ги решаваат кадровите одделенија, по ново наречени ејч ар илити хјуман рисорсис (боже, колку незграпни термини). Писмо на терористичката организација ни открива како HR-ot на Ал Каеда се справува со проблематичните работници. 

Кина ги има сите тајни на американската армија

Комплетните нацрти, дизајни и функционирање на десетина најнови американски оружја и системи, завршија во фолдер на компјутер на кинеските хакери.

Камерите што полнат буџет

Само топ 10-те сообраќајни камери во Вашингтон годишно издаваат 29,5 милиони долари казни за сообраќајни прекршоци.

Крвта е додадена или одземена?

Да ви покажеме две видеа од убиството со мачета во Лондон по кое црепот даде интервју.

Видеото што го блокираше ЈуТјуб во Таџикистан

Претседателот на Таџикистан побара ЈуТјуб да се забрани во целата земја, не затоа што не му се гледа ЈуТјуб, туку затоа што не сака други да го гледаат него на ЈуТјуб.

„Вистинскиот“ претседател го тужи Обама

Да го тужиш Обама дека ти ги украл изборите (а да не си Мит Ромни) мора да значи дека си некој разигран лик. Токму таков е Кит Џад само што не може многу да се разигра бидејќи во моментов служи затвор од 17 и кусур години. Заради многу интересна причина.

За убиениот војник во Лондон и по него

Ако јас сум вегетаријанец и изедам 2.000 хамбургери во име на вегетаријанството, јас повеќе не сум вегетаријанец екстремист - бидејќи направив нешто што е против целиот концепт на практикување вегетаријанство.

Жената што ви ги уништи сите оправданија

На секое идно "не можам" или "не може ова да се направи" нека ви текне дека жена без една нога се искачи на Монт Еверест.

Кога ќе в странство појдете

Пред празник кој многумина Кинези го користат туристички да отпатуваат во странство, висок функционер на КПК порача кога ќе одат надвор да не бидат сељаци и да ја брукаат земјата.

Бизнисот на одржување ред и мир

Се проценува дека во Кина годишно има над 180.000 протести, бројка која повлекува околу 125 милијарди долари секоја година на опрема за немири и "одржување на стабилност."

Револуција која се рола

Во која тоа земја луѓето се тепаат за тоалетна хартијa, а да не сме ние кога ни се отвора некој нов мол? Диме од Пехчево би рекол: Венецуела е бе, Трендо.

Правдата е спора но бавна

Американските претседателски избори во 2000-та година беа доведени во толкав ќорсокак што дилемата мораше да ја разреши Врховниот суд кој донесе одлука во полза на Џорџ Буш. 13 години подоцна, судиите се пишманат. 

Не е само бело во Колумбија

Венецуела е земјата во која бензинот е многу поевтин од вода, и чини околу 5 центи. До неа е Колумбија, земја во која бензинот чини над 2 долара. Ова не поминува така.

Шверцот на кофи со пилешко

Нелегалните тунели од Газа за Египет се клучни за преживувањето на Палестинците кои официјално се под блокада за увоз на странски производи и од Израел и од Египет. Една од најлуксузните стоки што се шверцува низ тунелите се кофи со пилешко од КФЦ.

Карлос Слим исмеан од "соросоиди"

50-тина активисти кои се противат на начинот на кој Карлос Слим го заработува своето богатство, навежбани го начекаа неговото излагање во њујоршката јавна библиотека и половина час му се смееа на она што го говори.

Домаќине, униформирани гости ти дојдоа

Во она што се нарекува "третиот свет" никако да се средат работите. Полициските сили се брутални и непотребно агресивни, никако да ги научат границите на своите овластувања, граѓаните живеат во неизвесност кога некој од нив ќе им упадне во куќа... Одиме во Калифорнија.

 

И во САД најпрофитабилно е да бидеш Влада

Знаете ли кој во САД направил повеќе пари од Шеврон (26 милијарди), Епл ( 41,7 милијарди) и Ексон (44,9 милијарди). Агенцијата која дава студентски кредити.

Што мислат Европјаните едни за други

Интересно истражување на тема стереотипи за браќата и сестрите од  другите земји во Европската Унија. Да речеме, Германците имаат ужасно лоша репутација меѓу Грците но тоа не им пречи на нашите јужни соседи да сметаат дека од сите, најмногу може да им се верува на Германците.

Цехот за еден ранет американски војник

Во војните во Ирак и Авганистан, Американците официјално имаат 866.181 ранет војник, на долг рок секој од нив во медицински трошоци ќе ги чини по 2 милиона долари.

Штета што сме мали, а не сме Мали

Наспроти нашата дведецениска илузија дека секогаш сме некаде во врвот на приоритетите нa Европската Унија, во моментов нејзините главешини се окупирани со планот да и се дадат половина милијарда евра на африканската држава Мали.

За што се согласуваат Американците?

Општествениот консензус е рбетот кој ја држи заедницата. Честопати тргнат на маргините на дебатите, во име на различноста која е нагласена од политичката битка. Галуп и други големи истражувања ги утврдиле овие точки по кои барем 90 проценти од американското општество се согласува.

Ве лажеле дека комунистите ве лажеле

Постигнувајќи 27 процентна стапка, Шпанија одново го сруши својот рекорд на невработеност, со дневен ритам од 500 загубени работни места. Истовремено, во срцето на Андалузија пркосно опстојува едно гратче во кое нема ниту еден невработен. 

Плажи, самба и сериозно бесна полиција

За тие што не паметат од пред две години и за сите останати, бразилската полиција реши да потсети дека нема страв од никого, па ни од авиони.