Технологијата (откриена преку тендерската документација) ќе може да следи телефонски повици и пакети на податоци (интернет, смс, пораки) и да пребарува одредени клучни зборови или фрази спомнати во мејлови, веб чат или на социјалните медиуми.
"На пример можеш да го употребиш зборот Навални (Алексеј Навални) и да видиш кои луѓе во регионот го користат овој збор. Потоа овие луѓе ќе можат дополнително да бидат следени," објаснува Андреј Солдатов, еден од новинарите кои ја откриле опремата.
Самата технологија што ја користат Русите е далеку понапредна од она што го имаа Кинезите за време на нивната Олимпијада, или системот на НСА кој неодамна беше откриен.
ФСБ од 2010-та работи на надградување на СОРМ системот за тој да може да се справи со зголемениот сообраќај за време на Игрите. Сите руски телефонски и интернет провајдери мора да инсталираат СОРМ кутии во нивната технологија, по што ФСБ може да пристапи до сите податоци без провајдерот воопшто да биде свесен за тоа. Иако ФСБ технички мора да има налог за да пресретне каква било комуникација, тие не треба налогот да му го покажат на кого било.
Во своја одбрана, на една од ретките прес-конференции на ФСБ, еден од функционерите изјави дека надзорот нема да биде прекумерен, наведувајќи ја Олимпијадата во Лондон и бројот на камери кои беа користени за безбедноста "Таму имаше камери, извините што ќе го кажам ова, дури и во тоалетите. Ние не превземаме вакви мерки."