Зап армиската кариера ја започнува со борба против Легијата на странците и регуларната француска армија. Негова главна карактеристика е трпение и тајминг. Првите 4 години од војната тој изведува само саботажи и мини напади, додека паралелно со ова во планините на северен Виетнам успева да создаде 6 дивизии.
Војната против Французите завршува со триумф на Виетнамците против 15-илјадна француска војска во тврдината Диен Биен Пу. Тука францускиот командант се надева дека ќе ја извлече виетнамската армија на отворена битка во долината, во која би доминирала огнената супериорност на Французите.
На комплетно запрепастување на француското разузнавање, луѓето на Зап со помош на запрежни коли успеваат да качат 150 парчиња тешка артилерија на планините околу тврдината. Артилеријата комплетно ја растура тврдината, по што следува пешадијата која успева да ги разбие француските линии.
Откако Американците пристигаат во Виетнам, тие со ниту еден свој потег не успеваат да ја разнишаат самодовербата на Зап и неговата стратегија. Тој повторно знае дека ќе ги добијат на време.
Зап ја губи секоја голема битка со Американците но и покрај тоа успева да ја добие војната. Последниот американски командант кој се борел против Зап, Генерал Крејтон Абрамс, подоцна признава дека големите битки не значеле многу во големата слика во Виетнам.
"Од моја страна мислам дека не е работата во тоа дека Зап бил посилен од Американците, туку дека бил помудар. Тој имаше постојано уверување дека иако американската воена моќ е далеку посупериорна во однос на неговата, нивната процена за природата на конфликтот и што е потребно за да се преовлада беа сосема спротивни. Тој веруваше дека Ахиловата пета на Американците е фантазирањето (околу ситуацијата) и тој планираше тоа да го искористи," пишува Џејмс Ворен во својот текст за Зап.
Една од главните стратегии на Американците е уништување на Северот преку "трошење," односно да се убијат повеќе војници отколку што непријателот може да замени. Тука предноста на Гап беше што тој секогаш го регулираше интензитетот на борбата, а со тоа и бројот на жртви, повлекувајќи ја својата армија и оставајќи ги локалните герилци да продолжат со борбата.
За време на целата борба и покрај сите напори на Американците, Зап успева да ја одржи линијата на северот со југот и да продолжи со снабдување со војска и оружје.
Генералот цело време е свесен и за функционирањето на американската домашна политика, и дека тамошната јавност може да биде манипулирана за да се создаде раздор меѓу народот и владата. Па така одолжувајќи ја војната со САД тој знае дека американската политика ќе почне да изгледа непотребно деструктивна и неправедна, до точка кога Американците нема да можат да прогласат никаква победа.
" На крај од се, неговите непријатели го нарекуваа бездушен касап, кој не ги жали животите на сопствените луѓе и суров фанатик кој во битка по битка, одбива да ги повлече своите луѓе дури и откако сите шанси за победа се изгубени. За време на двете војни, неговите противници го нарекуваа просечен аматер.
Зап беше многу повеќе од успешен 'генерал за герила војна.' Тој совршено ја практикуваше и тероризираше 'одолговлечена војна,' вид на борба која им дава значителна предност на востаниците и потиснатите етнички или религиозни групи, кои се обидуваат да преовладаат против државата во која се наоѓаат, и каде што политичката моќ е многу поважна отколку воената моќ," пишува Ворен во текстот за Дејли Бист.
Зап почина годинава на 4-ти октомври, на 102-годишна возраст, многу подоцна од француските и американските генерали против кои се бореше.