Приказна почнува со доаѓањето на Ким Јонг Ун на власт, кој наредува во земјата да биде изграден првиот ски центар. Затоа што Северна Кореја не поседува технологија за производство на ски лифтови, тие решаваат да купат нови од Европа.
Проблемот е што, ски лифтовите се сметаат за луксузна стока, а таа со меѓународните санкции и е забранета на Северна Кореја за увоз.
Во прво време им нудат милиони на австриските и француските компании, меѓутоа тие одбиваат. Потоа се обидуваат да увезат од Швајцарија, нудејќи 7,7 милиони долари за лифтовите. Една од основите зошто пробаа со Швајцарија е што таа има долга историја на неутралност, заради што не би требало да ги прифаќа меѓународните санкции. Меѓутоа и Швајцарците ја одбија понудата.
"Ова е неподносливо исмејување на социјалистичкиот систем и на народот на Демократската народна република Кореа, и сериозна злоупотреба на човековите права со политизирање на спортот и дискриминација на Корејците," објави официјалниот државен медиум КЦНА.
Според процените на тамошните власти од 24 милиони луѓе на Северот, околу 5.500 се скијачи. Меѓу нив и Ким Јонг Ун. Освен рекреативците, планот е ски центарот да послужи и за тренинг, а Корејците се надеваат дека во рок неколку години ќе можат да создадат светски шампион во скијање.