На судењето Берлускони отфрлил дека знаел дека жените што Тарантини му ги носел дома се проститутки, објаснувајќи дека ако сакал да најми проститутка тоа можел многу лесно да го направи преку огласите во весниците.
Берлускони сега е под истрага дека му платил 500.000 евра на Тарантини, за овој пред судот да изјави дека поранешниот премиер немал поим дека девојките на неговите забави се проститутки.
"Чисто од забава еден ден мојата асистентка ми покажа колку ескорти има во Рим. За 20 минути, можеш да поканиш 50 девојки во својот дом, затоа нема потреба Тарантини да ми ги носи на вечера, кога веќе можам да разгледам слики и да ги одберам," ја пренесува La Repubblica неговата изјава.
За време на дебатата со обвинителот Берлускони почнал да кажува и вицови како: 100 шоу девојки од телевизија биле запрашани дали би посетиле забава на Берлускони? 76 веднаш одговориле да, а останатите 24 веќе биле гостинки.
Во однос на парите за кој е тој обвинет дека му ги дал на Тарантини за да не сведочи, Берлускони изјавил и дека тоа е далеку помалку од парите што тој и ги плаќа на својата сопруга по разводот (3,2 милиони долари).