Данскиот таблоид Ekstra Bladet направи анализа и откри дека најмалку 30 државни градинки не служат свинско во своите менија, пред сè за да не треба децата oд различните етнички групи да се делат во редовите додека чекаат појадок или ручек.
Една недела подоцна истиот весник објавува дека голема болница во близина на Копенхаген на пациентите им служи само "халал" месо (нешто што се прави од економски причини, според вебстраната на болницата).
Овие две вести имаа вкупно над 2000 коментари, претежно негативни во однос на одлуката за укинување на свинското месо. Во разговорот се вклучи и премиерот, кој порача дека данската традиција не треба да биде напуштена во јавните институции и дека за сите заинтересирани халал месото би требало да биде посебно обележано. Во исто време сериозно десничарската Данска народна партија побара задолжително на сите менија во јавните институции во земјата да има најмалку 20% свинско месо. Од сегашна гледна точка, двата предлога тешко дека ќе бидат остварени.
Инаку, во 2012-та Данците извезоа свинско месо во вредност од 6 милијарди долари.