Махмуд го шиша Мубарак уште од времето кога тој беше потпретседател, додека во исто време е бербер и на Садат.
"Тој беше човек со многу малку зборови. Првите десет години беше само салам алејкум и алејкум ал салам. Подоцна кога одев кај него, минувавме по неколку часа откако ќе завршев со шишање. Имаше простор. Развив однос со него како што имам со кој било друг муштерија," објаснува Махмуд.
За разлика од сите останати, Махмуд го опишува Мубарак како човек кој последните години се измачувал барајќи начини како да ја напушти власта, меѓутоа постојано бил спречуван од неговите најблиски соработници. "Имаше премногу притисок од луѓето околу него, кои му кажуваа дека земјата ќе влезе во хаос без него," раскажува берберот.
Клиентелата на Махмуд се седи мажи кои со мерак се сеќаваат на неговите поранешни клиенти. На ѕидовите од берберницата обесени се слики и карикатури од Садат, меѓутоа нема ни една слика од Махмуд и Мубарак. Како што тој вели, никој не му дал таква фотографија, а ако ја имал сигурно ќе ја обесел.
Во 60-те кај Махмуд доаѓа претседателот Гамал Абдел Насер, и го носи својот син на шишање. Тогаш претседателот го предупредува Махмуд да не му остава бакенбарди на синот. Берберот не го почитува ова знаејќи дека Насер ќе го заборави своето предупредување, ама син му ќе му го памти. По синот на Насер, следува малолетниот син на Садат, кој се уште се шиша кај Махмуд. Потоа во столицата седнува Садат, за на крај да дојде и на Мубарак.
Махмуд тврди дека никогаш не се променил заради луѓето што ги шиша.
"Кога прв пат ме запознаа со Садат му ги кажав сите мои мани. Дека многу пијам, дека пушам марихуана, дека секоја вечер доцна си легнувам и.тн. Му ги кажав сите лоши работи за мене, за ако некој друг реши да му ги каже тој веќе да ги знае," објаснува Махмуд.
Кога кон крајот на август се сретна со Мубарак во болница, тоа беше прв пат во последните две години како го гледа својот пријател во живо. Иако Мубарак бил физички слаб, тој ментално се уште бил издржлив како на времето.
"Можеби во себе е среќен што (Муслиманското братство) не е на власт, ама тоа е се'. Тој е несреќен заради се што се случи. Тој се прашува уште колку време ќе му треба на Египет за работите да закрепнат. Тој е загрижен за својата земја," раскажува берберот.
Тој го опишува Мубарак како остарен командант кој сакал да ја предаде власта, ама не знаел како. Клучен момент било кога во 2009-та од болест починал неговиот внук. Тогаш Мубарак јасно кажал дека сакал да си поднесе оставка и да биде хоспитализиран во Германија заради проблемите со сопственото здравје.
За Махмуд последните неколку години се како реприза на најдобрата декада од неговиот живот - во 50-те, кога бил чирак во центарот на Каиро, кој тогаш бил живо место полно со писатели, музичари и воени офицери кои ковале револуција.