Целата тајна акција за апсење на Мухамед Абди Хасан ја работела белгиската федерална полиција и одделот за специјален криминал. Приказната која тие му ја спакувале на Хасан била дека тој треба да учествува во снимањето филм за животот на пиратите.
Хасан е осомничен за киднапирањето на еден брод на белгиската компанија Јан Де Нул, тие подоцна мора да платат сериозен откуп за бродот и екипажот.
Пиратот бил уапсен уште на самото слетување на аеродромот во Брисел, а од таму е пренесен во Бруж. Заедно со него е уапсен и претставник на сомалиската влада, која се сомничи дека го заштитува Хасан.
Се претпоставува дека Хасан од пиратството има заработено стотици милиони долари.