Во Азербејџан денескасе одржуваат престедателски избори и според сите проценки, актуелниот претстедател Илхам Алиев речиси сигурно ќе победи и ќе освои уште еден 5 годишен мандат.
Тоа и е јасно и на апликацијата која тамошната изборна комисија ја обнароди неколку дена пред изборите за да се има целосен увид во гласањето и случувањата околу него.
Дотаму јасно што во апликацијата веќе беа впишани конечните резултати од изборите: 72.76 проценти од гласовите одат кај Алиев додека единствениот кандидат на опозицијата Џамил Хасанли освојува само 7,4 проценти од гласовите на изборното тело.
ПО нарачка на изборната комисија, апликацијата ја изработил извесен Вусал Исајев кој по откривањето на скандалот реши да ги избрише сите свои социјални профили и да исчезне од јавноста.
Пред десет години Алиев ја презеде претседателската функција од неговиот татко Гајдар Алиев, поранешен шеф на локалното КГБ и член на советското Политбиро. Во 2009-та година на референдум ги укина ограничувањата за само два претседателски мандати, откако една година порано беше реизбран со речиси 90 проценти од гласовите. Според сондажите, на денешните избори Алиев ќе освои 80-тина проценти од гласовите. 51 годишниот Алиев речиси и не водеше никаква предизборна кампања, одбивајќи да учествува во телевизиски дебати или да организира предизборни митинзи. Неговите фанови велат дека економските придобивки во земјата говорат доволно за него.