Анализата открива дека во Русија на секои 11 милијарди долари семеен имот има по 1 милијардер. Во остатокот од светот просекот е 1 милијардер на секои 170 милијарди долари.
Според Форбс во Русија има 110 милијардери на популација од 143 милиони луѓе. Во 2000-та во земјата имаше само 8 милијардери. За споредба САД има 442 милијардери со два пати поголема популација од Русија.
Се на се, на 93,7% од полнолетните Руси богатството им е помало од 10.000 долари, 5,6% имаат меѓу 10 и 100 илјади долари, 0,6% има меѓу 100.000 и 1 милион долари, и 0,1% (или околу 84.000 луѓе) имаат над 1 милион. Во исто време во САД околу 1,3 милиони луѓе (5,5%) се милионери.
Кредит Свис проценува дека во светот има 98.700 "индивидуи со ултра висока нето вредност," односно имот над 50 милиони долари.