Што значи тоа што затвори владата на САД

Веста е дека заради тоа што демократите и републиканците не можат да се разберат околу буџетот и потрошувачката на Владата, комплетната американска администрација утре нема да отвори.

Еве кој се' ќе биде погоден од ситуацијата:

Секој може да се разболи: Центарот за контрола и превенција на болестите нема да има пари за да го изврши редовното вакцинирање.

Воен персонал: припадниците на вооружените сили нема да можат да земат плата, и покрај тоа што тие ќе мора да продолжат со работа.

Луѓето што имаат бродови: крајбрежната стража ќе престане со рутинските патроли и помошта при навигација.

Вработените во цивилна одбрана: 400.000 вработени во Министерството за одбрана ќе добијат неплатен одмор.

Семејствата на убиените војници: ќе има одложување на војничките бенефиции.

Сопствениците на оружје: ќе биде одложено издавањето на дозволи за поседување на оружје.

Дрвата: стотици работници во шумските служби ќе бидат пуштени на отсуство во време на пикот на сезоната на пожари.

Апликантите за виза: заради пуштањето на отсуство на вработените во Бирото за конзуларни работи, десетици илјади апликанти ќе треба да чекаат.

Луѓето без пасош: ќе биде продолжено времето потребно за изработка на нови пасоши.

Болните луѓе: Националните институти за здравје нема да примаат пациенти освен ако тоа не го нареди директорот.

Планинари: сите локации на Националниот сервис за паркови ќе бидат затворени.

Фонтани: 45 ќе останат без вода.

Кампери: сите што живеат (или одмараат) во национални паркови и шуми ќе имаат уште 48 часа за да заминат.

целата листа тука

1 октомври 2013 - 13:56