10-те ЦЕО-а, кои се нарекуваат Магрит групата по галеријата во која прв пат се имаат состанато, ги преставуваат компаниите кои контролираат околу половина од енергетскиот капацитет на Европа. Тие на заедничка прес конференција (која според Ројтерс е нешто без преседан) пред самитот за енергија на ЕУ, порачаа дека постои премногу голем енергетски капацитет, заради што цените се толку паднати што тие не можат да направат профит.
Нивниот аргумент е дека затоа што енергијата добиена од сонце и ветар добива толку големи субвенции, драстично скокнал капацитетот на овие енергии. Заради ова работата со традиционалните извори на енергија (нуклеарна или гас) станува помалку профитабилна.
Иако евентуално ова ќе биде добитната комбинација, проблемот е што кога ќе снема ветер или сонце, тогаш сите се враќаат на старите извори, кои заради ова мора да се одржуваат со капацитет поголем од потребното, а чувањето на стенд-бај не е беспатно.
"Во сектори како металургија, автомобили или преработка, кога ќе има преголем капацитет, тогаш вишокот капацитет се затвора. Меѓутоа во енергетскиот сектор, имаме масовно субвенциониран дополнителен капацитет од сонце и ветар, кој нè доведе до апсурдната ситуација во која се наоѓаме денес," објаснува ЦЕО-то на GDF Suez, Жерард Местралет.
Ироничноста на ситуацијата е што без разлика колку е фантастична чистата енергија, таа се уште не може да се складира, заради што не може комплетно да ги замени фосилните горива и нуклеарната енергија. А додека тоа не се случи, "старите" капацитети ќе мора да се одржуваат.