Гласот на неинформираниот народ

Анкетите на Џими Кимел се драгоцен мелем за сите оние кои до изгореници се палат на тв анкети и слични медиумски алатки во кои демек се одсликувало расположението на народот. Овојпат, за здравствената реформа заради кои американската Влада стави катанец на врата.

- Значи, не се согласувате со Обамакер?

- Да, не се согласувам.

- Дали мислите дека Осигурителните компании треба да ги исклучуваат луѓето кои веќе се болни?

- Не.

Дали се согласувате дека младите луѓе треба да можат да останат со родителите до 26-та година?

- Да, треба да можат.

- Дали се согласувате дека компаниите со преку 50 вработени треба да обезбедат здравствена заштиа?

- Да.

- По таа логика, вие би биле за достапна здравствена заштита?

- Да.

Ова е сегмент од последната ТВ анкета на Џими Кимел за најжешкото прашање на САД во моментов, здравствените реформи. 

Популарно наречени Обамакер (по човекот кој ги бутка), официјално наречени "закон за достапна здравствена заштита".

Со други зборови, Obamacare и Affordable Care Act се - иста работа.

Да слушнеме какво е мислењето на народот:

Ако имате чувство дека анкетата е намерно местена за да се добијат само парадоксални одговори, имајте ја предвид анкетата на CNN во која цели 46 проценти од Американците се противат на Обамакер а само 37% се против Affordable Care Act.

 

2 октомври 2013 - 09:01