Држејќи се рака за рака околу 300 луѓе направија синџир околу црквата за време на мисата, со цел да покажат солидарност со жртвите од нападот во Пешавар.
Во дворот пред црквата муфтијата Мухамед Фарук одржа и кратка проповед цитирајќи строфи од Куранот кои зборуваат за толеранција и почит кон другите религии. По него излезе отецот Насир Гулфам.
По ова и верниците кои биле во црквата почнале да излегуваат и да и се приклучуваат на толпата, чија главна парола била "Една нација, една крв."
Минатата недела во Карачи беше одржан сличен собир пред катедралата Св. Патрик.