
Во неделата граѓаните требаа да одберат дали ќе земат речиси 50 милиони долари од Конектикат, за да го финансираат рушењето на училиштето и изградбата на ново училиште на истата локација.
Конечниот резултат е 4.504 гласови за и 558 гласови против.
"Мислев дека предлогот ќе мине со најмалку 80%, ама изгледа дека ќе бидат 90% од гласовите. Време е да ги донесеме дома нашите деца," изјавиле од локалните власти.
Инаку, од нападот во кој беа убиени 20 деца и 6 возрасни, учениците од Сенди Хук беа комплетно префрлени во соседниот град Монро.