Сè почнува како мало потчукнување меѓу џип и такси, се до моментот кога таксистот решава да побара податоци од возачот на џипот, кога се' се претвора во сцена од Гранд Тефт Ауто.
Неделава најдобро рангираниот шахист во светот 22-годишниот Магнус Карлсен ќе го предизвика актуелниот светскиот шампион Висвантан Ананд (има разлика) за неговата титула во турнир од 12 натпревари.
Кинеската влада до сега имаше речиси беспрекорно досие за тоа дека ниту еден внатрешен или надворешен субјект не може да и каже дали смее или не смее да ги прислушува и следи сопствените граѓани. Деновиве, на оваа тема доби крајно респектабилен противник.
Германската полиција упаѓа во стан на 80-годишен маж во Берлин, во него открива богатство од 1 милијарда евра во форма на 1.500 уметнички слики запленети од нацистите.
Да ја смириме паниката од насловот, треба да објасниме дека се работи за Индија и дека во прашање се урбанистички премерувања. Се работи за потенцијалниот премиер на Индија со мерак за правење на најголеми објекти.
Иако за ПР услуги веќе одвојува 5 милиони фунти годишно, менаџментот на британскиот јавен сервис проценил дека за пеглање на нарушениот имиџ им е потребен и поранешниот спин доктор на Тони Блер.
Кога западњаците прв пат ќе дојдат во Кина тие се најдлабоко вчудовидени од строгата поделеност меѓу бракот, романтиката и сексот во земјата - за што според кинеското размислување потребни се три различни жени.
По 9 години користење и 2.500 цивилни жртви, Обама дури во мај годинава официјално призна дека во нападите со дронови гинат и цивили. Приказната не е за мртвите во нападите, туку како тоа ги прогонува живите, како и понатаму останува со нив.
На сопственик на ресторан во провинцијата Хенан му пукнал филмот и пред соседите се пожалил дека градскиот секретар на комунистичката партија и остатокот од градските власти му се должни 115.000 долари за изедени свински нозе.
Пентагон направи нова анализа на буџетот за 2014-та, за да сфати дека секој еден војник што моментално го имаат во Авганистан, ги чини 2,1 милион долари.
Во најоригиналното оправдание од Колумбо до денес, еден Американец (по потекло од Маврите) реши да запоседне имот вреден 6 милиони долари, по истата основа по која Американците ја имаат освоено Америка.
Раду Догару е еден од 6-мината кои од холандски музеј украдоа уметнички слики во вредност од 24 милиони долари. Во своја одбрана тој имаше да каже дека музејот е виновен за кражбата.
Американската биотехнологија ја има претворено Аргентина во трет најголем производител на зрна од соја во светот, но прекумерното користење на хемикалиите наголемо го зема својот данок во здравјeто на луѓето.
11 милионски град во Кина е затворен заради неподнослива загаденост на воздухот. Во Пекинг веќе се работи на систем на гигантски правосмукалки кои би го цицале смогот од воздухот.
Без разлика кој си во светов, па и да си Абрамович, кога ќе купиш куќа во центарот на Лондон, не смееш ниту да помислиш да изградиш повисоко од постојната висина што ја имаш. За добивање дозвола да не ни правиме муабет. Па, на богаташите им текна да почнат да градат под земја. Од сега и тоа им го бројат.
Минатата година Нобеловата фондација одлучи да почне да користи хеџ фондови за дополнување на својот капитал. Откако ова не успеа, сега почнаа да планираат собирање на донации.
Без движењата, ама со очила за сонце, сакоа и беретки инспирирани од Пси, Јужна Кореја ја промовираше првата единица на туристичката полиција на земјата. Оп, оп, оп, оп, оп...
Во Нуен Зап е самоукиот селанец кој во рок од 8 години ги порази колонијалните господари на Виетнам (Французите), за потоа со истата војска и многу години подоцна истото им го направи и на Американците. И покрај двата неверојатни успеси, неговите непријатели никогаш не му признаа.
Еден од најголемите пиратски водачи што некогаш владеел во Сомалија е уапсен на аеродромот во Брисел, каде што дошол по своја волја, ама не за да се предаде туку затоа што некако сфатил дека ќе снимаат филм со него.
Првите луѓе на десетте најголеми услужни компании во Европа (греење, струја...) бараат укинување на субвенциите за соларна енергија, бидејќи веќе има повеќе енергија отколку што им е потребна.
За да ги олесни тековните претседателски избори, изборната комисија на Азербејџан промовираше специјализриана IOS и Андроид апликација. Само што на неа можеа да се видат дури и конечните резултати од гласањето.