"Злоупотреба на човековите права" и "дискриминирање на Корејците" се двете основи по кои Северна Кореја ја обвинува Швајцарија и Европа. За да ви биде сликата покомплетна целата расправа е околу - ски лифтови.
Опремата со која располага руското ФСБ има капацитет за прислушување на сите спортисти и посетители на Зимската Олимпијада, покажуваат документите собрани од тим руски новинари.
Десетици муслимани од Пакистан, по две седмици откако во една црква во земјата беа убиени над 100 христијани, во неделата излегоа на улица во градот Лахоре и опколија една локална црква - за да им дозволат на христијаните во мир да ја завршат неделната миса.
По две години, поранешниот египетски претседател за прв пат беше пуштен на слобода од затвор. Меѓу првите кои добија повик од луѓето на Мубарак беше 75-годишниот Махмуд Лабиб, берберот кој 50 години ги шиша владетелите на Египет.
На референдум жителите на Њутаун одлучија дека сакаат да го срамнат со земја основното училиште Сенди Хук и да изградат сосема нов објект во кој нивните деца ќе продолжат да учат.
Што ако затворањето на владата на САД предизвика нова рецесија во светот (што е комплетно очекувано ако ова продолжи), и што ако заради ова на остатокот од светот му пукне филм и реши да се пресмета со Американците.
Анкетите на Џими Кимел се драгоцен мелем за сите оние кои до изгореници се палат на тв анкети и слични медиумски алатки во кои демек се одсликувало расположението на народот. Овојпат, за здравствената реформа заради кои американската Влада стави катанец на врата.
Веста е дека заради тоа што демократите и републиканците не можат да се разберат околу буџетот и потрошувачката на Владата, комплетната американска администрација утре нема да отвори.
Американските имигрантски власти последниве 35 години депортираат Мексиканци повикувајќи се на конкретен член на мексиканскиот устав. Сè е тоа фино, само што тој член не постои.
Можеме да замислиме како е му е на претседателот на Маршаловите острови додека ги сослушува проблемите на своите колеги од Генералното Собрание на Обединетите Нации. А нему му е водата до врат и постојано се качува.
Во Данска свињите (не како машка особина, туку како расад за сланина) се два пати побројни од луѓето, како резултат на ова речиси и да нема некое национално јадење кое не е свинско или не содржи некакво свинско. Ама работите почнуваат да се менуваат.
Во неделата Меркел стана единствениот европски политичар што е реизбран по финансиската криза, а во исто време ја оствари и најуверливата победа за Демохристијаните од обединувањето до денес.
Претседателката на Бразил со бугарско потекло Дилма Русеф одржа говор на Генералното Собрание на Обединетите Нации. Тема: Слободата на говорот, приватноста, суверенитетот и шпионирањето граѓани од други држави. Мета: САД. Дипломатска оценка: Пуздер.
Берлускони всушност за време на сите свои забави бил поштен, а сите оние ескорт девојки што му биле на вечерите не ги викал за секс туку за да му го кренат моралот, барем тој така тврди.
Најголемите мегакомпании со седиште во Детроит одлучија да застанат зад својот град и на сите мрачни сценарија одговорија со закупување на цела страна во Њујорк Тајмс и Вашингтон пост во која гарантираат дека Детроит има светла иднина.
За време на изградбата на стадионите во Катар животот ќе го изгубат повеќе емигранти кои работат на проектите, отколку што ќе се појават фудбалери за време на Светското првенство 2022-ра (заедно сосе замените).
Прво, на сите мама-си-тракале читатели веќе им е јасно дека една ваква вест мора да е спин и ништо друго. Еве потврдуваме. Но, клучното прашање останува секогаш исто: Ви се чита?
Од време на време западните новинари и блогери шпекулираат дали Путин е еден од најбогатите луѓе на светот или дека само е најбогатиот политички лидер. Ако пребарате на Гугл, проценките се меѓу 40 и 70 милијарди долари.
Кога Токио ја добива Олимпијадата во 1964-та, тогаш 30 годишниот Кохеи Џино дознава дека ќе треба да се сели од својот дом бидејќи таму ќе се гради Олимпиското село. Токио ја доби Олимпијадата 2020-та, Џино повторно доби повик.
Жената која претставува една од највлијателните јавни левичарски интелектуалки во Европа има неколку барања, од кои ниту едно религиозно, нејзината борба е - независноста на Каталонија, национализација и средување на јавните трошоци.