Свет

Садик Кан: Доналд Трамп не е сила на доброто

Садик Кан не ги премолчи критиките од Доналд Трамп за муслиманите и разновидноста на  Лондон. Градоначалникот смета дека претседателот на САД „не е сила на доброто“, бидејќи со своите изјави ги радикализира луѓето. Верува дека тоа го прави ненамерно и го предупредува дека како најмоќен човек во светот треба да знае дека сè што ќе каже носи сериозни последици во заедниците.

Сиријци во Австрија намерно паѓаат на испити за да живеат од социјална помош

Гастарбајтери со децении се мачат да ги совладаат незгодните германски падежи и родови, само за да добијат работа во Австрија и полесно да се интегрираат во општество што им отвора нови можности. Сириски бегалци денес применуваат обратна тактика. Намерно паѓаат на испитите за германски, дури и ако го владеат јазикот, за да не добијат слабо платена работа и за да живеат од социјална помош.

Специјална израелска единица оцрнува новинари како терористи

Израелската војска формирала специјална единица чија задача е да ги претставува новинарите во Газа како борци на Хамас, за да може да ги ликвидира и потоа пред меѓународната заедница да се правда дека биле легитимна цел како терористи. Ако за еден палестински новинар се пронајдат врски со Хамас, тоа може да послужи за да се оправдаат убиства на 20 други. Во Газа досега се убиени 180.

„Малцински извештај“ во режија на британската полиција

Напреден софтвер ќе добие пристап до сите лица со досие за да предвидува убиства и грабежи, да посочува локации на злосторства и да ѝ овозможи на британската полиција да апси криминалци уште пред да го зададат ударот. Како пророците од филмот „Малцински извештај“. Бранителите на граѓански слободи предупредуваат дека Англија и Велс ги очекува „орвеловска“ дистопија.

Откако Епстин „се обеси“ умреа дваесетина сведоци

Фатално проклетство ги следи сведоците, жртвите, финансиерите, адвокатите и новинарите – сите што биле поврзани со мрежата на Епстин за детска проституција, чепкале по неговото минато или трагале по докази за неговите муштерии од политичката и естрадната елита. Во период од само неколку години дваесетина загинале од насилна смрт или во сомнителни околности. Некои велат случајно.

За секоја жртва од 7 октомври мора да умрат по 50 Палестинци

Поранешниот шеф на израелското воено разузнавање го оправдува геноцидот што Израел го спроведува во Газа. „За секој Израелец што беше убиен при нападот на 7 октомври, мора да умрат по 50 Палестинци. Сега повеќе не е важно дали се возрасни или деца“, вели разрешениот генерал Ахарон Халива во снимки што протекоа до јавноста преку телевизијата Канал 12.

Африка бара пофер мапа на светот

Она што го знаеме како универзална мапа на светот постои уште од 16-от век и доста непрецизно ги одредува пропорциите на континентите. Ниту Гренланд е онолку голем, ниту Африка е толку мала. Гренланд не се буни ама на Африка не ѝ е сеедно како се доживува самата себе и како другите ја гледаат неа.  

Мал чекор за Молдавија кон ЕУ - голем скок за проевропските партии?

Брисел планира да ја поттурне Молдавија пред Украина во процесот за интеграција во ЕУ. Не поради тоа што Украина е во војна, други ѝ ја кројат територијата и е најкорумпираната земја во Европа. Слично сценарио е можно и во Молдавија. На Брисел му се брза да ги отвори преговорите за да ги зголеми шансите на проевропските кандидати на изборите во Молдавија во септември.

Платеници од новиот Блеквотер ќе војуваат против бандите на Хаити

Новата приватна армија на основачот на Блеквотер ќе испрати засилувања од стотици искусни „кучиња на војната“ на Хаити за да се пресмета со моќните банди, на кои војската и полицијата не им може ништо. Цената на ангажманот приватната армија ќе ја наплати со советодавна улога и со целосна контрола на трговијата и собирањето даноци. Истото што сега го прават бандите.

Мексико извлекло од сиромаштија 13 милиони луѓе

Иако беа критикувани како популистички, мерките што ги спроведе поранешниот претседател Лопез Обрадор придонеле 13,4 милиони луѓе во Мексико да бидат извлечени од сиромаштија за време на неговиот мандат. Тој тројно ја зголеми минималната плата и ја реформира распределбата на социјалната помош за најзагрозените. Проблемот не е решен, зашто секој трет Мексиканец денес е сиромашен.

Понуда од Трамп за Путин: минерали за мир

Откако не му успеаја дипломатијата и заканите, Трамп решил да го употреби своето омилено оружје – парите, за да го купи мирот во Украина. На Путин утре ќе му понуди укинување на санкции и пристап до украински литиум и други ретки минерали, тврдат извори на Телеграф. Донбас би бил скроен како Западниот Брег – на хартија украински, а фактички под руска контрола. 

Дојде време Мексико да ги предупредува граѓаните да се чуваат во Британија

Мексико, земја во која царуваат свирепи наркобанди што бесат луѓе по мостови, ги советуваше своите државјани да бидат внимателни кога патуваат во Британија за да не бидат жртви на улични криминалци. Слични тревоги имаат и САД, Австралија, Канада и Франција. Стравот не е случаен. Стапката на украдени телефони во Кралството се зголемила за 425%, а на насилниот криминал за 30%.

Трамп по Нобел, Путин по славата на Петар Велики

Самитот на Доналд Трамп и Владимир Путин во Алјаска веќе е историски чин. Дури ни Реган ни Горбачов немале толку моќ во себе кога договорија крај на глобалната Студена војна. Ако сакаат, никој не може да ги спречи Трамп и Путин во Енкориџ да ја скројат иднината на цела Европа, не само границите на Украина. Важно им е само да добијат нешто што може да го прогласат за „победа“.

На Газа само уште ова зло ѝ фалеше

По двегодишната непрекината канонада, блокада и масовно изгладнување, Палестинците во Газа се соочени со ново зло. Заразни болести отпорни на антибиотици брзо се шират меѓу 2,3 милиони неухранети луѓе оставени во урнатини и купишта ѓубре, без санитарен систем и пристап до чиста вода. Исцрпените лекари во преполните болници немаат ни каде ни со што да ги лекуваат болните.

Стејт департменот ги прекрои критериумите за човекови права

Администрацијата на Доналд Трамп ги прилагодува критериумите за човековите права врз основа на економските и политичките односи со земјите низ светот. Во извештаите за сојузниците и за трговските партнери ги брише критиките, а ги заострува за довчерашните први другари. Заклучоците губат секаква смисла кога во извештајот за Израел не е спомнато страдањето во Газа.

Африка се дави во донирана облека од развиениот свет

Со изговор дека тоа се добротворни донации, богатите си најдоа ѓубриште за нивната стара облека. Планини од носени парталчиња на кои им поминала модата ги задушуваат депониите, ги затнуваат водните патишта и ги загадуваат заедниците низ Африка. Горењето на синтетиката испушта хемиски отрови. Организацијата Гринпис ова го нарекува „колонијализам на отпад“. 

Зеленски се спрема да отпише територии

Украинскиот претседател упорно бара столче на преговарачката маса во Алјаска на која ќе бидат Трамп и Путин, но знае дека нема да го примат на самитот ни како нем посматрач. Затоа Зеленски тивко ги разгледува реалните опции за мир – како да ја изведе очекуваната „размена на територии“ и да ѝ остави на Русија да преземе што е можно помалку од окупираната украинска земја.

Вашингтон Д.Т.

Доналд Трамп ја испрати Националната гарда на улиците на Вашингтон за да го исчисти главниот град на САД од „малолетни дивјаци, манијаци и бездомници“. Окружната полиција првпат во историјата ќе биде под контрола од федералните власти, барем 30 дена. Предупреди дека слични мерки ги очекуваат и најголемите градови - Њујорк, Лос Анџелес и Чикаго, ако не ја средат безбедноста.

ЕУ дала пари за ковид, владата на Туск ги трошела на јахти и свингерај

Пари што ЕУ ѝ ги испратила Полска за да го закрепне угостителскиот сектор по пандемијата за ковид завршиле во сомнителни проекти, како клуб за свингери, пицерија со солариум, вотка-барови, дури и за јахти. Брисел не ги даваше милијардите додека на власт беше партијата Право и правда, и ги чуваше за Туск кога ќе стане премиер. Сега Брисел е соучесник во скандалот.

Израел со бомби ја замолкнува вистината за геноцидот во Газа

Израелските сили го ликвидираа најистакнатиот репортер на Ал Џезира во Газа. Шаторот во кој престојувала екипата на Анас ал Шариф бил разнесен со проектил. Го обвинуваа дека бил член на военото крило на Хамас. Ал Џезира тврди дека обвинувањата немаат врска со вистината и дека убиството е дел од кампањата за истребување на сите што известуваат за геноцидот во Газа. 

Шпанско гратче обвинето за исламофобија

Одлуката на властите во Хумиља, гратче со околу 27.000 жители, да забрани верски свечености во спортски објекти, ја разбранува и ја подели шпанската јавност. Причината нема врска со спортот: муслиманите традиционално ги славеле своите празници во спортски сали. Владата обвинува за исламофобија. Популистичката партија Вокс ја поздравува одбраната на традиционалните вредности. 

Трамп бара воена интервенција против наркокартели во странство

Трамп наредил да биде активирана војската на територија на други суверени земји за да ги запре наркокартелите што товарат фентанил и други дроги во САД. Пентагон и Стејт департментот прават оперативни планови, а правниците бараат начин како без согласност од Конгресот да го претстават како „самоодбрана“ ликвидирање на шверцер на дрога во џунгла во Венецуела или Мексико.

Пунктови за отстрел во Газа

Локациите на кои израелско-американската Хуманитарната фондација доставуваат храна во Газа се полигони за оркестрирани убиства, тврди организацијата Лекари без граници, која им укажала помош на илјадници ранети Палестинци. Раните сведочат дека намерно се нишани и се пука во луѓето, па и децата, што се грабаат за храна. Израел не дозволува ОН да доставува хуманитарна помош.

Уставниот суд ги спаси Французите од опасни инсектициди

Највисокиот суд на Франција мораше да интервенира за да ги спаси граѓаните од опасен инсектицид што го нарекуваат „убиец на пчелите“. Владата го одобри, под притисок од моќното земјоделско лоби, кое лесно знае да паркира трактори низ Париз. Макрон им даде приоритет на цвекларите во однос на милиони Французи, кои во редок израз на единство протестираа против отровот.