Фантомски фирми продаваат податоци од здравствени картони

Компании во САД лажно се регистрирале за да добијат пристап до чувствителни податоци од здравствени картони на 300.000 пациенти без нивна согласност. Овие „организирани синдикати“ потоа манипулирале со податоците и ги продавале на адвокатски канцеларии, кои ги користат за да бараат потенцијални клиенти за групни тужби.

Епик системс, најголемата американска компанија за управување со здравствени картони, поднесе тужби против неколку компании поради повреда на медицинската приватност и експлоатација на чувствителни информации за комерцијална добивка.

Истрагата на Епик укажува дека мрежите за споделување на податоци на пациенти функционираат слично на оние за мобилните оператори. Една медицинска пракса може електронски да испраќа медицински записи до друга што користи различен софтвер. Тоа им овозможува на лекарите во одделот за итни случаи да добијат медицинска историја на пациент што никогаш порано не го виделе. 

Епик тврди дека натрапниците се маскираат како даватели на здравствени услуги, а всушност им служат на адвокатските фирми кои бараат луѓе со одредени дијагнози или здравствени состојби да се приклучат на групни тужби. 

Типичен пример е фирмата Интегриторт, која била вклучена во мрежата како „понудувач на третман“, иако се занимавала со бизнис кој генерира клиенти за адвокатски фирми. Била затворена во 2024 година откако го изгубила пристапот до мрежа од медицински картони.

Директорот Даниел Бејкер објаснува дека бизнис моделот се однесувал на „олеснување на пристапот до картони за пациентите“. 

Адвокатски фирми ги упатуваа своите клиенти кај Интегриторт, кој ги поврзуваше со лекарите. Пациентите потпишува одобрение. Никогаш немаше жалба од пациент, објаснува Бејкер. 

Почнувајќи од раните 2000-ти, американските болници и лекари почнаа да го прават преминот од хартиени датотеки кон електронски медицински картони и да создаваат системи што овозможуваат нивно споделување. Тоа се одвиваше нагло, поддржано од милијарди долари од федералната влада.

За да функционира, здравствените системи и медицинските даватели се согласуваат да ги споделуваат податоците за пациентите според правилата на мрежата. Тие се поврзани со мрежата од компании кои дејствуваат како чувари, проверувајќи ги и овозможувајќи им пристап до записите на пациентите.

Во тужбата се наведува дека некои фирми манипулираат со правилата за интероперабилност со цел да се добијат податоци за пациентите.

Внесување лажни информации во картон на пациент, тоа е многу екстремно, вели  Џулија Адлер-Милштајн, професорка на Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско, специјализирана за електронски здравствени картони.

26 јануари 2026 - 08:29