Свет

Почна судската битка за наследник на Руперт Мурдок

Основачот и актуелен господар на медиумската империја и богатство проценето на 14,9 милијарди фунти, Руперт Мурдок деновиве на суд во САД треба да се објасни со своите три најстари деца чии се парите.

Атентатите врз Трамп се покриваат со погрешни прашања

Оние кои после првиот атентат врз Доналд Трамп не веруваа дека тоа е дело на осамен лудак туку-така качен на покрив со пушка, беа убедени дека моќните структури кои го извеле тоа, нема да се откажат после првиот неуспех. Ете, се случи и втор обид. А големите медиуми поставуваат брилијантно погрешни прашања, од типот, мора ли Трамп толку да игра голф?

Италија на раб на зовривање, им поскапе кафето

По процените на една од најголемите потрошувачки асоцијации во земјата, Асоутенти, цената на шолја еспресо во земјата од 2021 е покачена за 15%, и денес на одредени локации таа знае да чини и до 2 евра. Мхм, за 2 евра еспресо ќе се фаќаат за кука и мотика.

Нема деца

Колапсот на стапката на новороденчиња која почнува во Европа по Втората светска војна, во изминатите децении е проширена низ цел свет. Да, вклучително и Кина.

Унгарија подготвена да ја тужи ЕУ

На повидок ново продлабочување на јазот меѓу Унгарија и централата во Брисел. Земјата ги разгледува правните решенија за тужење на Европската комисија откако беше казнета со 200 милиони евра заради нејзините рестриктивни миграциски политики. Унгарија вика дека дала многу повеќе за да се заштити себе и Европа и планира да си ги врати парите.

Трамп против Камала и уште двајца

Како што тоа обично бива, фановите на Камала се убедени дека таа победила на првото соочување со Трамп а фановите на Трамп пак, никој не може да ги разубеди дека тој не ја растурил неа. Потрезвените посматрачи велат дека дебатата не направила никаков сериозен пресврт. Се нафрлат сега цитати и мемиња но најголемата поука, особено за Трамп, е да се пази на кој  медиум се оди на дебата. 

За Британија никогаш доволно крв и смрт

Истите овие што за сега се главни осомничени за неуспехот на мировните преговори во Истанбул меѓу Русија и Украина, кои според сведоштва стигнале до отворање на шампањско пред да се јави Борис Џонсон, сега почнаа отворено да навиваат за војна меѓу Русија и Кина.

Украина: Оружје има, луѓе и морал послабо

Украина има сè поголем проблем со моралот и дезертерството. Воени офицери кои воделе некои од најжестоките битки веќе не можат да гледаат како им умираат луѓето. Дезертерството особено е зачестено меѓу новодојдените војници. Ќе отидат еднаш на позиција, ако преживеат, веќе не се  враќаат. 

Бајден во последни 4 години има одморено за 48 години

Откако ја предаде претседателска номинација на Камала, снимките и фотографиите од Бајден главно се како одмара на лежалка на плажа. Излезе дека и добар дел од мандатот така му минал.

На ЕУ ѝ треба дупло посилен Маршалов план, инаку пропаѓа

ЕУ ќе треба масовно да инвесртира за да го запре сè поголемото заостанување зад САД и Кина, порача Марио Драги, претставувајќи го долгоочекуваниот извештај за конкурентноста на европската економија. Неговиот документ ќе биде стратешка насока за новата Европска комисија и во него има 170 препораки од кои клучна е дека на ЕУ ѝ требаат 800 милијарди инвестиции годишно.

ЦИА: Во еден момент реално беше ризично Путин да прибегне кон нуклеарно оружје

Шефот на американската разузнавачка агенција, Вилијам Барнс, првпат јавно призна дека навистина постоел ризик Русија да употреби тактичко нуклеарно оружје. Било тоа есента 2022 година, во текот на првите месеци од војната во Украина. Итно отишол да се види со рускиот колега.

Изборен аларм во Германија

На изборите во две германски покраини резултатите беа аларманти за меинстрим партиите. Социјалдемократите едвај го минаа изборниот праг за влегување во парламентот, Зелените веќе ги нема во едниот од нив. Предолго молчеа за проблемите на луѓето, оставајќи ѝ отворен простор на крајната десница која тоа знаеше да го искористи. Прв проблем - имиграцијата. 

Мадрид ќе забрани електрични скутери, затоа што се неподносливи

Апликациите за изнајмување е-скутери, заедно сосе скутерите, повеќе не се дозволени на територијата на Мадрид, затоа што не успеале да воведат ред каде истите да се изнајмуваат и  паркираат низ градот. Освен што на сегашните оператори ќе им бидат одземени лиценците, градот не планира да дава нови.

Каде е солидарноста со авганистанските жени?

Владејачките талибанци неодамна издадоа низа брутални забрани за жените. Не им е дозволено да зборуваат јавно. Комплетно е забрането пеење и читање на глас. Не смееат да се видат со машко ако не им е маж или роднина. Од глава до петици мора да бидат покриени во црно. Какба е реакцијата на „меѓународниот поредок заснован на вредности“? Штурци.

Во Шведска по шведски правила и вредности

Како ретко кога во изминативе децении, висока шведска функционерка, и тоа потпретседателка на влада, јавно изјави дека во Шведска нема место за муслиманите кои не ги прифаќаат шведските вредности.

На Гркинка кога и се сака, и се сака

Во прилично уникатен инцидент и за вон Грција, неименувана Гркинка потпалува пожар на Пелопонез затоа што „уживала во гледањето пожарникари и во флертувањето со истите.“

Дали западната култура не ги остава младите да пораснат?

Кога повозрасен шеф и кажува на својата 20-годишна вработена дека во зборот „hamster“ нема буква „P“, таа му враќа дека секогаш така го пишува зборот. Кога овој и предлага да проверат во речник, таа и се јавува на својата мајка ставајќи ја на спикерфон и низ солзи бара од мајката да му каже на шефот да не биде толку лош со нејзе.

Демократски е кога демократија цензурира слободен говор

Гревот на Телеграм е што не успеал да направи разлика меѓу барањата на автократски режими и барањата на легитимни слободарски демократски режими, со цела своја сериозност порачува Џон Торнхил во својата колумна за Фајненшл тајмс.

ЕУ членките увезуваат повеќе гас од Русија отколку од САД

Изминативе две години Путин и руската држава успеваат да ја прошират својата позиција како снабдувач со енергија на Европа, па сега Унијата увезува многу повеќе гас од соседна Русија, отколку да го тегне со бродови од САД.

Зеленски го отпушти генералот на украинската авијација заради соборениот Ф-16

Она што првично беше прв соборен Ф-16 од руската противвоздушна одбрана, излезе дека попрво е еден од првите Ф-16 соборени од американскиот ПВО систем Патриот, управуван од украински војници.

Трамп му се закани на Закерберг со ќорка

Доколку основачот на Фејсбук направи „што било нелегално“ да влијае на претстојните претседателски избори, како што тоа го направил во 2020, ќе заврши во затвор, е заканата што Трамп ја напиша во својата нова книга.

Украина моли да гаѓа во Русија со западно оружје

Украина ги засили своите барања за дозвола да користи западно оружје против цели во длабочината на руската територија. Во пресрет на состанокот со неговите колеги од ЕУ, шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, рече дека долгорочната безбедноста на Европа зависи од краткороточни а храбри потези на Украина.

Германија спремна да плаќа рекет само да се раатиса од Авганистанците

Лицата кои се обвинети за насилство или претставуваат терористичка закана во иднина би можеле да добијат пари, не казна, од германската држава за да се вратат таму од каде што дошле, Авганистан.

Закерберг жали што цензурирал ковид содржини под притисок од Белата куќа

Првиот човек на Фејсбук во писмо до американските власти порачал дека посакува да бил многу поотворен околу администрацијата на Бајден и нејзините притисоци да се цензурираат содржини за време на пандемијата.