Свет

Британците им го најдоа стравот на африканските мигранти

Зрак надеж за спас од неконтролираната миграција во Британија даваат бегалските центри што земјата ги изнајмува во Руанда, кои се толку застрашувачко решение што фатените бегалци на островот молат да бидат вратени дома, наместо да бидат испратени во нив.

Глобалната нееднаквост објаснета со американскиот фрижидер

На хорските повици од Европа и Запад да се штеди струја заради енергетската криза генерално и украинската војна посебно, африканските лидери потсетуваат: „Блазе си ви, имате што да штедите“. Еве факт: еден просечен фрижидер во САД годишно троши повеќе од еден просечен човек во дузина земји во светот.

Конечен камај за кварната Хилари

Поранешниот шеф на кампањата на Хилари Клинтон сведочеше дека таа лично ја одобрила идејата за доставување до медиуми материјали кои треба да бидат шлагворт за дискредитација на нејзиниот противкандидат Доналд Трамп со наводни руски врски. Во нејзиниот штаб не биле убедени дека е тоа добра идеја.

Паѓа Ши Џинпинг?

За сега сведено на пусти желби на индиски, конзервативни американски медиуми и шпекулации на кинеските социјални мрежи, без официјални изјави, муабетите за заминувањето на Ши Џинпинг почнаа се повеќе да се актуелизираат.

БЛМ, невладина ко невладина

Новообјавени даночни пријави откриваат како ко-основачката на Блек Лајвс Метер со пари од фондацијата плаќала на пријатели и членови на семејството огромни суми за разни „консултантски“ и други услуги. Таткото на нејзиното дете добил речиси милион долари а брат ѝ бил компензиран со преку 800.000 долари.

Руската Дума со закон сака да забрани размена на заробени Азовци

Како што украинските власти јавно се тешеа дека заробениците од Азостал ќе ги ослободат преку размена за руски заробеници, така руската државна Дума иницираше спречување на каква било размена на нацистите од Азов баталјонот.

Си-ен-ен почна да споменува бркање на Турција од НАТО

Свесни дека разбирачка со Ердоган околу Шведска и Финска нема да има, Си-ен-ен почна да нафрлува топки од типот исклучување на Турција од НАТО или нејзино игнорирање.

Илон Маск: Џо Бајден е воден од „идиот“

Извршниот на Тесла предупреди дека САД наскоро можат да заличат на Венецуела ако државата продолжи да печати пари. Илон Маск се сомнева дека Бајден е главен. По него, човекот кој го мислиме за претседател на САД е под контрола на оние кои му ги пишуваат говорите. А овој чита сè што ќе му биде напишано на телепромптерот. Ко Рон Бургунди.

Азовци предадени од украински предавници?

Под наслов „Сопругите на Азов: Нашите сопрузи беа предадени од украински предавници“ британски Телеграф го пренесува сведочењето на жените чии мажи се бореа во опколената челичарница во Мариопул.

Падна Азовстал

Порачувајќи „на Украина и треба украинските херои да бидат живи“, Зеленски потврди дека над 260 украински војници од Азовстал им се предале на руските сили.

Азија се олади за руското оружје?

Сликите што доаѓаат од уништувањето во Украина, посебно на руското оружје и машинерија почнуваат да создаваат сомнежи околу квалитетот и издржливоста на производите на руската одбранбена индустрија, пишува кинеските медиуми.

Вагоните со мртви руски војници

Ал Џезира објави репортажа за бројните паркирани вагони-ладилници во кои тврди дека украинската војска ги чува телата на загинатите руски војници кои никој не ги побарал да ги подигне.

Споменикот кој привлекува погрешно цвеќе

На Денот на победата, пар десетици илјади граѓани на Латвија оставија цвеќе на Паркот на слободата во Рига каде централно место има споменик од советско време. Утредента со булдожери им го собраа цвеќето но овие пак доаѓаа и пак оставаа. Властите најдоа решение: ќе го рушат споменикот. 

Служењето во украинската легија е „самоубиствена мисија“

Странски волонтери во украинската легија, ги разбиваат сите авантуристички романтични митови околу заминување и борење во Украина, кои „без разлика колку се благородни, сепак можат ужасно да завршат“.

Право на абортус со мирис на нафта

На прв поглед се чини дека актуелизирањето на оваа тема во Америка е јасно разбирлива по партиски линии. Меѓутоа, додека Демократите вреват дека силно ќе се спротивстават на укинувањето на абортусот, американската Шеќеринска, Ненси Пелоси, како и други партиски ајкули застануваат зад кандидат кој е многу против абортусот.

После Дутерте - Маркос. И Дутерте.

Со дeцении омразеното име на филипинскиот диктатор Фердинанд Маркос се враќа на сцена, преку неговиот истоимен син кој на претседателскитее избори го направи партал второпласираниот кандидат. А потпретседател на Филипини најверојатно ќе биде Сара Дутерте, ќерка на претседателот во заминување.

Украина може ќе влезе во ЕУ, за неколку децении

Во говор во Стразбур Макрон порача дека нема шанси во догледно време Украина да влезе во ЕУ и предложи решение кое многу мириса дека и нас ќе нè стигне - а да ви направиме ние една паралелна европска заедница, па таму да ви помагаме.

ЕУ се откажа од блокадата на превоз за руска нафта

Планот на ЕУ за нов пакет санкции на Русија ќе биде повлечен и преработен откако Европската комисија не успеа да ја убеди неколку членки да дадат поддршка.

САД почнаа да им ги вадат документите на Саудијците за 11-ти септември

Кога дојде Бајден на власт ги објави разузнавачките документи за убиството на новинарот Џамал Кашоги, па односите меѓу САД и Саудиска Арабија се напнаа. Сега ФБИ по 20 години објави документи за вмешаноста на Саудијците во нападите од 11 септември.

Беа ли оние силни карантини бадијала?

Главната пандемиска догма викаше дека изолацијата спасува животи а хистерични медиуми тоа го преведоа како слободата да е смрт. Последниот извештај на СЗО за „вишокот смрт“ покажува дека равенката никогаш не беше така едноставна. Дисциплинираната Германија има повеќе вишок загубени животи од лабавата Шведска.

Украина убива руски генерали со помош на американско разузнавање

Меѓу разузнавачките информации со кои САД ја преплавуваат украинската војска посебно место имаат дојавите за руските генерали. Украинските власти тврдат дека до сега убиле отприлика 12 руски генерали.

Имаме „совршена бура“ за гладување

Пандемијата и војната во Украина создаваат услови за „совршена бура“ на глобалната криза за храна. Ако се запостави северна Африка, ете ја Северна Африка во Европа. Ако се запостави Блискиот исток, ете го Блискиот исток во Европа. А во моментов, сето тоа се запоставува.

НАТО прв почна да се закача со Русија

„Лаењето на НАТО пред вратата на Русија“ можеби доведе до инвазијата на Украина, порачал папата Франциско кој искрено не е на чисто и околу тоа дали земјите низ светот треба да продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје.

Како и сите други духови и „Духот на Киев“ не постои

Командата на украинската воена авијација призна дека пилотот што популарно се водеше како „Духот на Киев“ всушност е легенда измислена од украинскиот народ.