Украинците објаснуваат дека Русите се добро опремени и распоредени, и даваат сериозен отпор, меѓутоа проценуваат дека немаат доволно луѓе.
Украинската страна за сега не зборува многу за операциите околу Херсон, главно за што е можно повеќе да ја заштити целата операција. Слично е и со Пентагон кој не коментира ништо вон тоа дека се свесни дека има напредување и дека руската војска се повлекува на одредени места.
За контра-офанзивата, која руското министерство за одбрана веднаш ја прогласи за неуспешна, Вол стрит журнал разговара со осум украински војници кои ранети се повлечени од фронтот.
Офанзивата почнува во понеделникот, а на нејзе и претходи неколку неделно „омекнување“ на руските сили со константни ракетни напади.
Еден од војниците, Иван, објаснува дека имале крајно едноставна задача „Одете, сјебете ги, и земете си го тоа што е наше.“ Тој пренесува дека неговите соборци се во борбено расположение и дека освоиле повеќе локации, а руските сили дека бегаат од своите позиции, оставајќи зад себе опрема и мртви соборци.
Иван, кој инаку настрадува кога негов соборец пука од базука во негова близина, порачува дека Украинците се тргнати кон Херсон и ги расчистуваат селата во негова близина.
Самите украински власти и воените аналитичари, признаваат дека цената во човечки жртви би можела да биде висока бидејќи напаѓаат добро утврден противник со значителна огнена моќ која брзо може да уништи голем број војници.
За украинските жртви зборува главниот доктор на интензивната нега во која се примаат ранетите украински војници:
„Почнаа да носат толку многу ранети, што, искрено, почна да ми станува жал за нив и почнав да се прашува дали ова се исплати по ваква цена.
Не знам. Нема тука правилен одговор.“
Истите овие доктори од интензивна, објаснуваат дека кај нив доаѓаат најкритичните случаи, колку да ги закрпат и да можат да ги испратат до подобро снабдените болници. Она од што докторите се изненадени е желбата на војниците да се вратат на фронт веднаш штом ќе бидат физички способни.
Погоре споменатиот Иван со потрес на мозокот, објаснува дека трет пат му се случува истата повреда откако бил мобилизиран, и дека новинарите моментално разговараат со него само затоа што неговиот командант наредил тој да биде евакуиран и завршил во болница.