Јапонија, нуклеарна да е

11 години по катастрофата во Фукушима и притиснати од опасноста да останат без струја, Јапонија како да се престраши околу нуклеарната енергија и реши да почне да ги стартува нуклеарните реактори.

До следното лето Токио планира за речиси два пати да го зголеми бројот на активни реактори, како во исто време би ги покрил потребите за енергија и би го намалил загадувањето. Станува збор за седум реактори кои до летото 2023 треба да почнат да произведуваат струја. Со ова Јапонија ќе има во погон 17 од вкупно 33-те реактори со кои располага.

Лошото време и глобалниот недостаток на енергија е причина за енергетската криза на Јапонија, а Токио летово на два пати имаше проблем со снабдување со струја сред најлошиот топлотен бран од крајот на јуни.

Јапонските медиуми тврдат дека премиерот Фумио Кишида, наскоро ќе побара од надлежните да го продолжат животниот век на реакторите над максимумот од 60 години.

Пред некој ден Германија, која е во најлошата енергетска состојба од развиените земји на планетава, потврди дека останува рокот за затворање на три нуклеарни централи до 31 декември 2022.

25 август 2022 - 10:45