67-годишниот Маганов бил на лекување во Централната клиничка болница во Москва. Тој лежел на шестиот кат во болницата.
Маганов паднал утрово, а неговото тело било најдено подоцна од медицинскиот персонал на ЦКБ.
Дел од шпекулациите се дека тој лежел во болница заради проблеми со срце, и дека станува збор за самоубиство бидејќи претходно му била дијагностицирана депресија.
Равил е брат на Наил Маганов, генерален директор на петата по големина нафтена компанија во Русија, Татнефт.
Ова е шести сериозен руски нафташ што почина изминатиов период.