Воронов е основач и сопственик на Астра шипинг, компанија што работи со Газпром на Арктикот. До телото на Воронов е најден пиштол Гранд Пауер (словачко производство), а на дното на базенот се најдени и неколку чаури.
По сведоштвото на вдовицата, тој во последно време многу пиел заради проблеми на работа и со бизнис партнерите.
Воронов е најмалку шести поединец поврзан со руската индустрија за природен гас што изминативе месеци е најден мртов.
На 30 јануари, во близина на Санкт Петербург беше најден мртов првиот човек на транспортната служба на Газпром инвест, Леонид Шулман.
Еден месец подоцна, на 25 февруари, мртов во својата гаража беше најден Александер Тјулаков, заменик генерален директор на Газпром.
На 28 февруари во својот дом во Англија, мртов беше најден рускиот милијардер Михаил Ватфорд, кој периодов не е поврзан со Газпром меѓутоа своето богатство го прави од нафта и гас.
На 18 април во Москва беа најдени телата на поранешниот потпретседател на Газпромбанк, Владислав Авајев, неговата ќерка и сопруга. Авајев во Газпромбанк работи на „приватно банкарство и ВИП клиенти“.
Еден ден подоцна, на 19-ти април, еден од највисоките менаџери на производителот на гас, Новатек, делумно во сопственост на Газпром, Сергеј Протосенја, е најден мртов во Шпанија заедно со неговата сопруга и ќерка. Протосенја бил обесен на таванот во станот во Лорет де Мар, а сопругата и ќерката починале од убоди.