ЕУ сака да ги понижи Полска и Унгарија

Најголемата опасност за Полска денеска не демне oд Москва, туку од Берлин и Брисел, предупреди првиот човек на полската централна банка.  Тој отиде дотаму што ја обвини Германија дека „во некоја форма“ сака да ги врати териториите изгубени во 1945 година. 

Според Адам Глапински, Германија планира да „потчини цел појас на земји меѓу Германија и Русија“ и тоа ќе сака да го направи преку создавање европска федерална држава, предводена од Берлин.

Иако неговите запаливи забелешки беа наменети првенствено за домашната полска публика, тие се јасен сигнал дека тензиите меѓу Полска и Европската комисјиа се подлабоки од кога било.

„Слично е и со Унгарија,“ вели Атила Демко, првиот човек на Центарот за геополитика од Будимпешта.

Кон двете земји ЕУ ги запира фондовите, објаснувајќи го тоа со нивниот проблем со „владеењето на правото.“ За Полска се задржани 63 милијарди евра грантови и позајмици, а за Унгарија 17 милијарди евра.

Полска и Унгарија, сепак, различно ги гледаат своите битки со ЕУ. За многумина Полјаци, ЕУ е само продолжена рака на Германија а Урсула фон дер Лејен - некогашна сојузничка на Меркел - само егзекутор на политичката волја на Берлин. Од друга страна, за Унгарците главен проблем е бриселската бирократија, отуѓена од суштината на демократијата и суверенитот на државите членки на ЕУ.

„Многу од тврдењата на ЕУ не држат вода. Дискутабилно е дали Унгарија навистина е покорумупирана од Бугарија, Романија, Словачка или Италија, а тие земји сепак немаат проблем со фондовите,“ пишува Демко.

Полскиот парламент го мај ги одобри судските реформи од кои се очекуваше да ги отклучат фондовите на ЕУ. ЕК тогаш ја уверуваше Полска дека овие реформи ќе бидат доволни, но попат се појавија нови „бенчмаркови“. Во Варшава расте чувството дека Комисијата намерно се обидува да ја понижи полската влада пред претстојните избори, со цел да спречи владејачката Партија на правото и правдата да освои уште еден мандат.

Будимпешта, исто така, чувствува дека ЕУ продолжува да им го поместува голот. Тамошната влада останува оптимист но многумина во Унгарија веруваат дека што и да прави Будимпешта, сепак ќе изгуби дел или сите пари што ѝ следуваат.

Овиое држави и Комисијата се разликуваат околу мигрантите, околу „разбуденоста“,  околу иднината на ЕУ, а секое разидување со неа, ЕК го толкува како културен криминал.

„Останува да се види дали ќе се постигне некој разумен компромис но една работа е сигурна: ЕУ и централна Европа е поделена по длабоки идеолошки ровови и тие нема да се надминат во скоро време,“ пишува експертот.

 

 

 

30 август 2022 - 12:42