Михајловиќ: Панчев еднаш го однесе пехарот од ЛШ на свадба во Скопје
Ниту едни други европски прваци не се шетале со пехарот од Лига на шампиони, на начин како што тоа го правеле шампионите на Ѕвезда од 91-ва. Секој го имал кај себе дома по 5-6 дена, па така пехарот завршувал на разни прослави во локали, ресторани, сплавови во Белград и сл. Дарко наш на свадба отишол со драгоцениот трофеј. На крај морале да прават друг, бидејќи го оштетиле.