Кој уште требаше да предупреди дека се оди кон војна?

Фасцинантен е бројот на стратешки мислители, вистински експерти и познавачи (од западниот свет) кои со години предупредуваа кон што води состојбата во Украина ако се продолжи со еднострана политика кон Украина. Никој не ги слушна и еве сега каде е работата. Некои веќе ги имаме поединечно објавено, но нека има и мало комплетче. 

 

За почеток, Џорџ Кенан, убедливо навлијателниот американски надворешно-политички стратег, креатор на американската стратегија во Студената војна. Уште во 1998 година предупредува дека експанзијата на НАТО е „трагична грешка“ која без сомневање ќе предизвика „лоша реакција од Русија.“

Кисинџер пред осум години кажа дека Украина не смее да биде истурена позиција на едните против другите. Секое наметнување на волјата на едното крило врз другото ндеминовно ќе води кон конфликт. Види: Украина не треба да влегува во НАТО.

Џон Мершајмнер, еден од највлијателните американски политолози ја опиша иднината на погубната западна политика со Украина. „Ги убедуваме дека ќе бидат дел од нас, ги охрабруваме да играат тврдо со Русија, и тие тоа го прават. Ако продолжат по тој пат, земјата ќе им биде здробена“. Види: Зошто Запад не сакаше да го слушне ова?

Џек Ф. Метлок, американски амбасадор во Советскиот сојуз од 1987-1991, во 97-ма предупредува дека проширувањето на НАТО е „најголемата стратешка грешка која може да повлече верижна реакција што ќе води до најсериозната безбедносна закана.... од распадот на Советскиот сојуз“.

Секретарот за одбрана на Бил Клинтон, Вилијам Пери, во своите мемоари се сеќава дека дека предупредувал на разорниот ефект на проширувањето на НАТО врз осносите со Русија. Во 96-та размислувал и да даде оставка на оваа тема, будејќи бил убеден дека се греши.

Ноам Чомски ќе го имаме овде двапати, зошто има што да каже, но и да праша: За што служи НАТО после 1999? Да не е за контрола на глобалниот енергетски систем?

Прочуениот експерт за Русија, Стефан Коен, во 2014 предупредува дека „ако тргнеме со НАТО кон руските граници... јасно е дека ќе ја милитаризаме состојбата а Русија нема да отстапи, за нив е тоа егзистенцијално прашање“.

„Мексиканците да побараа од Русите да испратат 4-5 свои дивизии на границата со САД, како ќе изгледаше тоа?“ праша во 2018 американско-рускиот новинар Владимир Познер велејќи дека компромис мора да има и тој компромис да содржи гаранции дека Украина нема да биде дел од НАТО.

Нешто потазе, непосредно пред да избие војната, фамозниот економист Џефри Сакс во Фајненшел Тајмс пишува дека „проширувањето на НАТО e комплетно погрешно и рискантно. Вистинските пријатели на Украина и на светскиот мир мора да ги повикаат САД и НАТО на компромис со Русија.“

„Ретко имаме видено конфликт за кој толку многу стратешки мислители од едниот камп имале видено кон што се оди и со години предупредувале за тоа, па сепак, сите нивни совети да биле игнорирани. Прашањето кое плаче за одговор гласи: Зошто?“, вели Арно Бертранд.

* За помош за луѓето од Украина преку Црвениот крст - види овде

3 март 2022 - 12:38