Меѓу другите кои остануваат во Либан има лица на хуманитарни мисии (мхм...) и новинари кои подолг период живеат и работат во Бејрут кои се пресметале дека и не е страшно ако останат таму каде што се.
„Заради комбинација на лични причини и калкулации околу вирусот одлучив дека веројатно тука сум побезбедна,“ изјавува за Си-ен-ен хуманитарната консултантка од Монтана, Карли Фуглеи.
Слична одлука имаат донесено уште неколку американски граѓани во Бејрут, делумно инспирирани и од парите што американската амбасада ги побара за нивно враќање дома, по 2.500 долари од човек.
„Прв пат да кажам, не Америка не е побезбедна отколку тука. Од сè што читам, ситуацијата е полоша во САД, во смисла на број на случаи и мерки за превенција, односно недостаток на истите, и колку претоварен е здравствениот систем.
Исто така бидејќи со години живеам вон САД, моментално не ни имам американско здравствено осигурување, па ако се вратам и се разболам ќе треба да платам илјадници долари од мој џеб,“ изјавила фриленс новинарката Ејби Севел.
Се претпоставува дека во Либан живеат илјадници американски граѓани од кои голем број имаат и либанско државјанство. На 5-ти април американската амбасада во Либан врати во САД 95 свои граѓани.
Инаку, Либан уште на 29-ти февруари ги затвори училиштата и факултетите. На 6-ти март ги затвори рестораните и кафулињата, а на 15-ти март објави масовно затворање на сè останато во земјата. Според бројките на Џон Хопкинс Универзитетот, во 6-милионскиот Либан денес има околу 580 заболени и 19 жртви од ковид-19.
Проблемот со овие бројки е што Либан не (може да) спроведува доволно обемно тестирање на населението, па крајниот исходот може да е и повисок. Заради ова одредени песимистички процени се дека Либан допрва го чека најлошото од коронавирусот.