Разно

Колку пари треба да штедиш за да се пензионираш со 1 милион долари

Во зависност од тоа колку време бил на печалба како мал, толку пати дедо ти ти ја има кажано тајната да се пензионираш како милионер - штеди од колку што е можно порано. Сега има и математика по која можеш да се водиш, ако не ти е јасно што зборел стариот.

Големата завера против вашите прсти

Најголемите производители на електричен алат (бормашини, електрични пили...) организирано избегнуваат воведување на нова заштита на машините што би спречила илјадници ампутации на прсти и слични повреди, тврди тужба вредна 10 милиони долари.

Гнездото на џинови

Исланд има популација од 320.000 луѓе (нешто помалку од Карпош, Центар, Аеродром, Кисела Вода, Чаир и Бутел заедно), и до сега 8 пати го имаат освоено трофејот Најсилниот човек на светот. Повеќе од нив имаат само САД (популација 317,7 милиони) - вкупно 9.

Не им помагајте на децата во домашното

Помагањето на своите деца во пишување домашни и решавање задачи и постојана вклученост во активностите во училиштето е вообичаена појава која сите ја сметаат за пожелна и никој не гледа ништо спорно во тоа. Сè до последнава сериозна студија која вика: Немојте.   

Анти - Парис Хилтон планот на Гејтс

Бил и Мелинда Гејтс имаат доволно пари за секој од нивните 3 деца инстантно да ги направат милијардери, само планот им е тоа никогаш да не се случи.

Сè што знаете за Викинзите е погрешно

Ниту погреби со запалени бродови, ниту крвожедни воини, ништо од ова не е дел од историјата на Викинзите. "Како ретко кога нивата ера е период во кој победниците не ја пишуваат историјата, најмногу заради тоа што победниците не знаеле да пишуваат."

Сепак се шири

Она што досега беше само теориска претпоставка отсега има и цврсти докази, тврдат научниците од Харвард Смитсониан чии наоди за ширењето на космосот се оценуваат како спектакуларни и за кои веќе се резервира следниот Нобел.

Правдата е слепа, ама некогаш и гладна

Ќе видите една тазе видео снимка од американска судница. Човекот пред судијката изеде парче хартија и сега за тоа може да лежи затвор. Веста не е за хартијата ниту за прехрамбените навики на Американците туку за идеалите.

Жириновски против буквата 'ы'

Познатата политичка лудара од Русија, убернационалистот Владимир Жириновски моментално е намерачен да исфрли една буква од руската азбука. Му правела проблеми на син му, а греота е детето.

Мажите не треба да имаат стомачни како на 300

Како што секогаш сме биле подготвени да застанеме против лошите примери и тенденции кои можат да завладеат во општеството (вегетаријанство, анти-глутен движење, брокула, соја...) така и сега мора да направиме нешто на тема - стомачни мускули кај мажи.

Што се случува кога половина планета престанува да има деца?

Од една страна, глобалниот прираст на населението постојано добива на темпо. Од друга, половина планета не се размножува "колку што треба". Кои се консеквенците од овој расчекор?

На Монт Еверест со враќање кауција

Секој што планира да ја качи највисоката планина на светот, на враќање од врвот ќе мора да врати барем 8 килограми ѓубре што го сретнал по пат, за да биде на исто со планината.

Каде исчезна Јакузата

Јапонската мафија има деликатна позиција во општеството, таа е најрегуларна криминална организација меѓутоа не е забранета со закон, а полицијата ја има признаено и ја регулира (нешто слично како надзорно тело). Сега членството им е драстично намалено, ама не знаат каде им се отидени членовите.

Во Бразил има 200.000 робови

Јужноамериканската држава знае да покаже импозантни економски резултати но опачината на развојот е прилично сурова.

Шпанија затвори 10.000 кафани

Иако уште ги има на претек, за 2013-та Шпанија постигнува просек од кој трепти секој ајнцер во Дебар Маало - 27 пропаднати кафани на ден.

Паметник без споменик

Норвешка го обелодени планот за меморијален споменик посветен на жртвите од најстрашното масовно убиство во модерната западна историја. Поводот е и ужасен и сè уште свеж за паметникот да се оцени како прекрасен, но, прекрасен е.

Позитивното размислување е гола вода

Како никогаш до сега, во изминативе 15-на година преовладуваше идејата дека ако животот го тераш со идеологија "радувањата на Радован" тоа некако магично ќе помогне животот навистина да ти стане таков.

Грешите ама ваша работа

Последната деценија во САД значајно се измени ситуацијата во полза на поддршка на геј браковите. Но, огромен дел од они кои поддржуваат вакви бракови, и натаму мислат дека сексот меѓу припадници на ист пол е неморален.

Пепси ја направи најдобрата одмазда во историјата на интернетот

Минатата година Пепси Макс го снима виралното видео "Test drive" кое на ЈуТјуб беше изгледано над 40 милиони пати. Паралелно со ова се појавува и една група на скептици кои тврдат дека видеото е наместено. Еден од нив пишува за сајтот Jalopink.

За мажи со дупки во брадата

Целата њујоршка хипстерана која по некоја основа е хендикепирана на тема имање брада како маж, најде решение за својот проблем во форма на 7.000 долари.

Листата за геј отстрел во Уганда

Еден ден по потпишувањето на законот за воведување на построги казни за хомосексуалците, таблоид од Уганда објави список со имиња на топ 200 хомосексуалци во земјата. Луѓе на кои таблоидот им ја одреди сексуалната ориентација.

Дали Oлимпијадите ги вадат парите?

Сочи две недели го трпеше целиот свет, ги подели сите медали што ги имаше и ги испрати Олимпијците по дома. Допрва ќе видиме дали Игрите ќе го претворат Сочи во светска туристичка дестинација која ќе ги извади парите што беа потрошени на него. До тогаш, еве некои математики од поранешни домаќини на ОИ.

Математиката што ги предвиде револуциите

Секогаш кога ФАО индексот за цена на храната ќе се крене над 210 поени, во светот ќе избувнуваат немири и револуции, тврди Јанер Бар-Јам, инаку човек кој работи како теоретичар за комплексни системи во Институтот за комплексни системи на Нова Англија.

Америка оди кон Блејд Ранер

Од сите можни холивудски иднини кои сме ги виделе на филм, за Америка најверојатна е онаа опишана во ремек делото на Ридли Скот, покажува сериозна економска студија на таа земја.