Британски документарец сега тврди дека вкупната вредност на неговиот имот, пари и уметнички дела изнесуваат некаде над 6 милијарди долари. Според нив Хитлер паралелно со геноцидот дома и низ светот, работи и на повеќе шеми за правење пари. Тој тајно кај себе во џеб ги става сите донации од масовните собири, заработува од милионскиот тираж на неговата книга што го купува владата, и обезбедува авторски права за секоја негова слика кои се на ниво на денешните ѕвезди.
Документарецот The Hunt for Hitler's Missing Millions, тврди дека до времето кога станува канцелар, Хитлер должи околу 3 милиони долари во даноци. Затоа кога доаѓа на власт воведува закон според кој канцеларот не плаќа даноци.
Хитлер го собирал и кајмакот од сите уметнички пљачкосувања на нацистите низ Европа. Според историчарот на уметноста, Годфри Баркер, од колекцијата од 8.500 уметнички слики, Хитлер има околу 3.000 слики од која секоја вреди по неколку милиони долари.
Сметките на Хитлер никогаш не се откриени, а се сомнева дека тие биле во швајцарските и холандските банки. Експертите за сметководство претпоставуваат дека до сега тие пари се собрани од тамошните влади и нема никогаш да им се најде трагот.
Инаку, сите досегашни податоци за скромниот имот се базираат на тестаментот потпишан од Хитлер што е откриен во бункерот во кој тој се самоубива.