Малезиската авио компанија имаше неверојатна несреќа да ѝ се случат две огромни хаварии на нејзини летала во краток период, оној исчезнатиот и овој што го спукаа над Украина. Многумина познавачи сметаат дека компанијата можеби и нема да го преживее овој пех. Се разбира дека не се тие најголемите жртви, јер најзажалење се семејствата кои изгубија свои луѓе во овие несреќи, особено она австралиско семејство кое и во двата трагични лета на авионите на Малезија Ерлајнс изгуби по двајца свои членови.
Графиконите се засновани на податоци од мрежата за авио бебедност и се однесуваат на 30 годишен период, од 85-та до денес (поделени во два периода).
Вака стојат податоците за 56 авио компании (од листата на топ 100) кои оперираат од 85-та до денес:
Од табелата е јасно дека нема некаква постојаност на бројот на жртвите. Колумбијската Avianca имала серија големи проблеми во првиот период, но е без жртви од од 90-та година и без никакви инциденти од 99-та. За разлика од нив, патниците на Kenya Airways биле раат до 2.000 година ама од тогаш до денес тоа е еден од најнебезбедните превозници на светот. Само тајванскиот China Airlines имал проблеми и во двата периода но тоа е повеќе исклучок отколку потврдување на правилото.
И останати вкрстувања на податоци покажуваат дека инцидентите не можат да се предвидат по тоа на која компанија ќе ѝ се случат.
Она што вреди да се знае се наоѓа на следната табела:
Корелацијата меѓу богатството на земјата и стапката на фатални падови е прилично силна. Во последните 30 години, топ 10 безбедносни поени имаат авиокомпании од САД (две), Британија (две), Канада, Австралија, Хонг Конг, Сингапур, Германија и Холандија.
На другиот крај на листата се наоѓаат превозници од Колумбија, Египет, Етиопија, Индонезија, Кенија, Мароко, Малезија, Пакистан, Русија и Тајван.
Има логика бидејќи побогатите земји со побогати клиенти имаат повеќе можности да одвојат пари за зголемување на безбедноста на летовите.
Накратко, ако сакате да знаете со кого треба да летате, погледнете го БДП-то на земјата од која потекнува авио - компанијата.