Во првите 2 недели од Бразил 2014-та Кинезите во кладилница ставија 642 милиони долари (само на Светско), или речиси два пати повеќе од вкупната сума потрошена на кладење за време на Светското 2010-та.
Бројките се според државниот регулатор за лотарија во земјата, а во пресметката не е вклучена сумата што на црно се става на натпреварите.
Проблем од кладењето на Светско има и коцкарскиот центар на Кина, Макао, од каде во јуни Бирото за контрола и координација на коцкањето пријави пад на приходите за 3,7%, што е прво намалување од 2009-та. Причина за ова е што коцкарите наместо да ставаат пари на рулет, ставаат на натпревари.
Меѓу инцидентите од комбинацијата средношколци и онлајн кладење е и случајот со една девојка која на Светско изгубила 161 долар, за потоа од дома да пребегне во Шангај (околу 140 километри), и од таму да испрати писмо дека е киднапирана и дека за неа се бара откуп од 3.200 долари (пари кои веројатно планирала исто така да ги стави на спортска). Бидејќи на нејзините им било јасно што се случува, тие со помош на полицијата ја нашле девојката во Шангај кај своја другарка како гледа Светско првенство.
Покрај целото коцкање кое се одвива во Кина, се проценува дека на офшор онлајн кладењето Кинезите трошат околу 161 милијарда долари, што според новинската агенција Ксинхуа преставува "сериозна закана за националната економска безбедност."
п.с. ова нема да стигне до Кинезите, ама ако ви се игра спортска, а не ви се даваат пари, бујрум на Типстер