Фудбалот само изгледа дека е популарен во САД

Натпреварите на американската репрезентација ги срушија рекордите на гледаност, и тоа е проследено со досега невиден интерес за фудбалот посебно на социјалните медиуми, само треба да се разбере дека сето ова е привремено.

Аргументот е дека - она што ја докажува доминацијата на фудбалот во САД, во исто време е доказ дека тој нема биде следната голема работа во САД. "Кога статистиките ќе се нападнат со скалпел, а не со токмак, целиот аргумент пропаѓа."

"Прво, фудбалот добива огромен медиумски простор затоа што групи богати белци - најтаргетираните консументи на интернет содржини и најпродуктивните креатори на интернет содржини - го гледаат првенството за да изгледаат образовани и културолошки писмени. Бројот не покажува појава на 'грас-рутс' фудбалско движење, бидејќи такво не постои.

Триумфалноста на фудбалот што сега ја гледаме е само резултат на бумот низ кој американскиот фудбал минува за време на секое Светско првенство... Гугл трендс за САД за зборот фудбал (сокер), покажува дека интересот за темата го достигнува пикот на секои 4 години за време на Светското првенство, за веднаш по него да спласне на истото ниво како и претходно," објаснува Мат Сакаро за Дејли Дот.

Неговата логика е дека интересот за фудбал на социјалните медиуми не покажува колку е популарен фудбалот, туку ја докажува вредноста што социјалните медиуми и настаните во живо ја имаат во денешната култура.

"Луѓето на интернет чезнеат да бидат 'дел од разговорот.' Социјалните медиумите им дозволуваат да бидат дел од големи настани како што тоа никогаш претходно не било возможно. Секој може да го види селфито на Елен ДеЏенерис од Оскарите. И се што треба е да кликне ретвит, за да биде дел од магијата," пишува Сакаро.

Заклучокот на Сакаро е дека фудбалот нема да замени ниту еден американски спорт во скоро време, и дека социјалните медиуми се станати моќен множител на постојните фанови, кои им дозволуваат нивните гласови да се чујат подалеку од кога и да е претходно.

"Американците ќе се закачат на следниот вирален воз што ја напушта станицата, заборавајќи за фудбалот до 2018-та, кога повторно ќе биде забавно да се твитува и споделуваат слики."

26 јуни 2014 - 11:20