Говорот пред преполната сала по повод Денот на независноста е "изненадувачко скршнување од неговата долгогодишна навика на омаловажување на сопствениот јазик." Сите овие 20 години, Лукашенко на својата нација формално и се обраќа само на руски.
Ваквиот пресврт веднаш ги возбуди аналитичарите кои претпоставуваат дека Лукашенко веројатно почнал да ја наметнува својата автономија од Русија, посебно по настаните со Крим. Дополнителен елемент е што сето ова се случи еден ден пред Путин да пристигне во Минск на прослава на 70-годишнината од ослободувањето на нацистите.
Како што објаснува неговиот поранешен портпарол, Александар Фиадута, до сега Лукашенко го користи рускиот заради критиките што ги добил за време на својот прв мандат. Фиадута е авторот на првиот и до сега единствен говор на Лукашенко на белоруски, кој новоизбраниот претседател го држи за време на Денот на независноста во 1994-та.
"За жал, по првиот говор на Лукашенко на белоруски сите почнаа да анализираат што тоа значи и како тој го изведе. Откако ги прочита сите коментари, тој одби повторно јавнода зборува белоруски," објаснува Фиадута.
Во 1994-та Лукашенко изјави: "Луѓето кои зборуваат белоруски не можат да направат ништо освен да го зборуваат, бидејќи тие не можат да изразат ништо благородно на белоруски," потоа продолжувајќи со опишување на белорускиот како сиромашен јазик, и признавајќи ги рускиот и англискиот како единствени "големи јазици."
Следната година, во 1995-та, тој го воведува рускиот како втор државен јазик, паралелно со белорускиот.
"Критичарите го обвинуваат Лукашенко дека го надгледува уништувањето на белорускиот јазик во изминатите две децении, и дека дозволил пад на бројот на училишта и публикациите на белоруски јазик.
Белорускиот има долга историја на потценување, како подстандарден јазик. Во советско време, белорускиот се смета за јазикот на селаните, па оние кој сакале да напредуваат во хиерархијата морале да зборуваат само руски, барем во јавност," пишува Радио Слободна Европа.
Говорот на Лукашенко од неделава е важен и затоа што со него се поништуваат гласините дека тој воопшто не може да го зборува белорускиот јазик.