Годинешнава суша досега ја чини Калифорнија 2, 2 милијарди долари а без работа ќе останат 17.000 земјоделски работници. Преку 80 проценти од територијата на оваа сојузна американска држава влегува во категоријата "екстремна суша".
Лани планот беше да се преземат низа доброволни мерки за да се намали непотребната потрошувачка на вода за 20 проценти.
А во мај годинава се потрошил 1 процент повеќе од минатиот мај.
Затоа, казни.
500 долари ако миеш кола без пиштол на цревото, 500 ако од тревникот ти отиде вода на тротоар, 500 долари ако имаш фонтанче во која водата не циркулира во круг.
Сушата влегува во својата трета година и е најлоша што ја погодило земјата во последните 40 години.
Во последно време, се води дебата околу тоа и дали е корисно базените да се прогласат за непотребен луксуз.