Ербас веќе доби патент за ова, а дизајнот предвидува летање на авионот по ист принцип како и управување со дронови, со таа разлика што пилотот ќе биде во авионот, и наместо преку шофершајбна ќе гледа на огромен дисплеј.
Главна причина за ова е подобрување на аеродинамичноста на авионот, со што би се намалил отпорот на воздухот и потрошувачката.
Проблемот со идејата е што е спротивна на над 100 години дизајнирање на авиони, а со тоа создава проблеми од типот:
- никој не е сигурен дека патниците би се возеле во авион каде пилотот е во опашката или под нив.
- ако се стави пилотската кабина во товарниот дел, тогаш тоа го намалува просторот за транспорт на стока и багаж.
- а ако се стави во опашката, никој не е сигурен дека таму би ја собрало кабината.
"Со овој дизајн пилотот го предава својот поглед на она што е претставено на екранот, и на снимката од камерата која е монтирана на авионот. Што ако птица или град ја удри камерата? Дури и едноставни работи како летање низ јато бубачки може да влијае на она што го гледаат пилотите. Можеби камерата ќе може да се чисти самата себе, слично на камерите што ги има на автомобилските трки," пишува Пол Томсон за Jalopnik.com.