Во тоа име, анти-еколозите почнаа со правење измени на своите камионети / пикапи (кои веќе и онака претерано трошеа и загадуваа) за тие да исфрлаат повеќе и потемен чад од ауспухот.
Трендот се нарекува "Coal rolling" и што се однесува до Агенцијата за заштита на околината, тој е спротивен на законот.
Според портпаролот на агенцијата, Coal rolling е спротивен на Законот за чист воздух, со кој се забранува какво било модификување на автомобилот кое ќе го блокира или исклучи уредот за контрола на загадување на автомобилот. Оваа модификација е забранета и пред и по продажбата на автомобилот.