За што денес жали Дик Чејни?

Моќникот кој не успеа ни да го предвиди ни да го спречи 11-ти септември а потоа својата земја страсно ја втурна во војна во Ирак денес се кае само за една работа - што заедно со Ирак не бил нападнат и Иран.

Инвазијата на Ирак Америка ја чинеше 6 трилиони долари и приближно 5.000 американски животи а жртвите меѓу Ирачаните се десетици пати поголеми.

Дик Чејни беше потпретседател на администрацијата која даде знак да се тргне во тој поход.

Неговите предвоени разузнавачки проценки беа погрешни (ако не и фалсификувани), неговото предвидување како Ирачаните ќе реагираат наа мериканското доаѓање беше погрешно, неговите естимации за трошоците беа погрешни....

Па сепак, угледниот The Weekly Standard деновиве реши токму нему да му одвои простор за да сподели со јавноста каде Америка денес греши во надворешната политика. Неговиот текст се сведува на 4 поенти: војната во Ирак бил одговорна одлука, Буш ја водел војната успешно, за лошата моментална ситуација таму крив е Обама и конечно, сумирано, потребна се војни во уште најмалку три земји за да се задржат нивоата на трошења на воениот сектор.

На воени теми зборувал и на затворен состанок со банкарите од Голдман Сакс на кои им признал дека најмногу се кае што паралелно со Ирак, не бил нападнат и Иран, дозна новиарка на Њусвик.

Тоа е негова стара болка, ако се имаат предвид сознанијата на истражувачкиот новинар Сејмур Херш кој откри дека Чејни разгледувал конкретен план да биде вмешан и Иран: американски маринци би "нападнале" американски брод по што би ја префрлиле вината на иранската војска.

Чејни во последен момент го откажал планот бидејќи му било шубе Американци да се напаѓаат меѓусебе. Другото му било ок.

17 јули 2014 - 14:39