32-годишната жртва е Бил Хилман од Чикаго, и е ко-автор на "Fiesta: How to Survive the Bulls of Pamplona." Тој е два пати прободен во десната препона за време на една од трките. Повредата е сериозна, ама животот на Хилман не е во опасност.
Повредата се случува кога еден црн бик пред последниот правец се одвоил од главната група. Хилман тогаш се обидел да го одвлече вниманието на бикот од помалку искусните тркачи, користејќи завиткан весник.
"Тој се судри со друг дечко што трчаше во спротивен правец. Ама падна, и како што паѓаше бикот му ја прободе ногата," изјавил еден од очевидците и ко-автор на книгата со Хилман. (Сведокот е еден од потомците на Хемингвеј).
На истата трка со Хилман, еден Шпанец беше прободен во градите.